Македонскиот министер за животна средина Амети предлага возење пар-непар во градовите за да се намали енормната загаденост. ЕУ-амбасадорот Жбогар порачува дека загаденоста на воздухот треба да биде приоритет.
Реклама
Високата загаденост на воздухот во Македонија резултира со висок степен на смртност, порача шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар. Заедно со министерот за животна средина Башким Амети и финскиот дипломат Анти-Веико Каутонен, тој денеска говореше на завршната церемонија на Твининг-проектот за проблемите во областа на квалитетот на воздухот.
Четворица Македонци умираат дневно од загадувањето
01:46
„Во врска со проблемот на загаденоста на воздухот, суштински е овој проект да заземе приритетно место кај македонските централни и локални власти. Патот до почист воздух во земјата е во рацете на секој граѓанин", рече Жбогар.
Заедничка констатација на дискусијата беше дека концентрацијата на ПМ10 и ПМ2.5 честички многу често ги надминува границите на нормалност. Изворите на загадувањето се лоцираат во металуршката индустрија, затоплувањето на домовите и производството на енергија, додека во Скопје најголем удел има сообраќајот, согорувањето на биомаса и индустријата.
Министерот Амети соопшти дека на владата ѝ предложил да воведе регулиран сообраќај по принципот пар-непар. Примерот, вели Амети, ќе треба да почне и од самите министерства, каде треба да се намали користењето на службените возила.
Проект „Без смог“- чист воздух за сите
Иновативниот дизајн продуцира чист воздух, а истовремено креира модерен накит.
Фотографија: Derrick Wang
Од друга планета
Кулата „Smog Free“ изгледа доста футуристички и како да не потекнува од нашата планета. Сепак, нејзината функција е поприлично „земјена“ - да обезбеди чист воздух.
Фотографија: Derrick Wang
Прочистување на амбиеталниот воздух
Во внатрешноста на кулата се наоѓа високо ефикасен филтер за воздух кој користи многу малку енергија и е способен да ги задржи и најситните честички кои се наоѓаат во воздухот. Како резултат на тоа, воздухот кој ќе помине низ системот на кулата е до 75% почист од останатиот воздух во средината.
Фотографија: Derrick Wang
Диши слободно
Очигледно е дека една кула не може да го прочисти воздухот во цел град. Идејата зад овој коцепт е да се создаде место каде луѓето може да се собираат и каде што ќе можат да размислуваат и дишат слободно. Со оваа кула тоа би можело да се постигне дури и во најзагадените градови во светот, како што е Пекинг (прикажан на фотографијата).
Фотографија: Laard Buurman
Што со отпадот?
Креаторот на кулата, дизајнерот Рузегард верува дека во иднината нема да постои отпад. Поради тоа, тој бара начин како да ги искористи филтрираните честички кои произлегуваат од филтрирањето на амбиеталниот воздух.
Фотографија: Studio Roosegaarde
Нешто скапоцено
Тимот на Рузегард одлучи под висок притисок да компресира ситни честички, а потоа да ги вметне во обвивка изработена од акрил. Резултатот е овој правоаголен орнамент кој потоа може да се користи во изработката на накит.
Фотографија: Studio Roosegaarde
Смела визија
Човекот кој стои зад овој подвиг, холандскиот дизајнер Дан Рузегард всушност сака да го овозможи човечкото право на чист воздух за сите луѓе.