„Вистинската“ татковина на Барак Обама
6 март 2008Реклама
Селото Когело кое се наоѓа на брегот на езерото Викторија, изгледа како да е на крајот на светот. Луѓето таму живеат од риболов, во градините си одгледуваат пченка и зеленчук, а повеќето во дворовите имаат и кокошки и по една крава. Ова село е само едно од илјада вакви во Кенија. Но, Когело во меѓувреме се разви во место во кое луѓето почнаа доаѓаат на своевиден аџилак. Ова село е „вистинската“ татковина на Барак Обама, човекот кој сака да стане иден претседател на САД. Осумдесет и шест години таму живее Сара Ајанго Обама, бабата на сенаторот од Илиноис.
„Кога го запознав, не можев да си претставам дека од него ќе израсне важен политичар. Но, уште тогаш беше многу амбициозен. Ми велеше : еден ден ќе станам претседател“.
Куќата на семејството Обама најпозната во селото
Сите во околината ја знаат куќата на старата дама. На нејзината светлосина врата има налепница на која пишува „Обама 2008“. Откако пред година и пол ја посети нејзиниот познат внук, на покривот на куќата има систем за соларна енерегија, а до големото манго дрво во дворот има и сопствен бунар.
„Овие нешта ми го сменија животот. Веќе не мора да носам вода од реката, ниту да купувам нафта, бидејќи сега имам струја.“ Зад куќата се наоѓа гробот на татко му на Обама. Човекот кој пред 50 години заминал за Америка откако добил стипендија, но подоцна се враќа во Кенија како научник. Многу години по неговата смрт, младиот Обама ја запозна татковината на неговите предци, раскажува чичко му Саид Обама, кој живее во близина.
„Тогаш имаше измешани чувства. За првпат го запозна овој дел од нашето семејство. Но, за жал не можеше да ги види луѓето кои најмногу му недостасуваат“.
Обама е патрон на локалното училиште
Само неколку километри од семејната куќа се наоѓа училиштето кое го носи името на сенаторот Обама. Децата пеат песни за патронот на училиштето. „Многу ви благодариме сенаторе Барак Обама“, вели песната. И во локалното кафеанче сите зборуваат за Обама.
„Сите сакаат од пијалокот Обама. Кога луѓето од Когело ќе го нарачаат омиленото пиво кое го носи името на сенаторот сите се идентификуваат со него. Му посакуваме среќа. Навистина ќе биде добро да имаме претседател на САД, кој по потекло е од Кенија“.
Баба Обама би сакала да застане до внукот ако победи
Ако внукот и биде избран за претседателски кандидат кај демократите, тогаш Сара Обама би сакала да биде до него на бината во Вашингтон.
„Ако ми испрати карта, тогаш во секој случај ќе одам. Нема да ја пропуштам можноста да бидам таму ако малиот стане претседател на Соединетите американски држави.“ Таа само еднаш го има посетено во Америка. Тогаш, на крајот на 2004 година, Барак Обама беше избран како прв сенатор, црнец во САД.

Реклама