Членките на Вишеградската група, Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, ги бие глас на бунтовници во ЕУ, но во реалноста нивните разлики се големи.
Реклама
Тие се „бранувачи“, „контрарамнотежа на Брисел“, „бунтовници“ во ЕУ - овие и слични етикети веќе неколку години се лепат на т.н Вишеградски држави - средноевропските земји Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, кои во 1991 година во унгарски Вишеград договорија регионална соработка заради заедничко форсирање на нивните евроатлантски интеграции. По проширувањето на ЕУ во 2004 година, нивниот сојуз со години остана речиси без политичка тежина. Но, со избивањето на бегалската криза, централноевропските држави повторно се поврзаа - овојпат против Брисел. Оттогаш Вишеградската четворка во старата ЕУ се смета за „проблематичен случај“ и „Источен блок“, кој ја раздвојува ЕУ.
Вишеградските држави, како и мнозинството други источноевропски земји, одбиваат обврзувачка распределба на бегалци. Тие ја критикуваат ЕУ дека претставува „империја“, а во бриселската Европска комисија гледаат „ново московско Политбиро“, кое октроира одлуки. Вишеградските држави стравуваат од наметнување нов европски мултикултурен идентитет, во кој ќе се загуби националниот карактер на нивните општества. Или се жалат на двојни стандарди кон Истокот на ЕУ, на пример кај квалитетот на животните производи. Така звучи реториката на „антибриселскиот источен блок“.
Кохезијата не е толку силна
Ако се погледне повнимателно, многу нешта се покажуваат како не толку битни, дури и повеќе: меѓу Вишеградските држави постојат значајни разлики во ставовите и интересите.
Иако Вишеградската четворка токму во тековната изборна кампања во ЕУ настапува збиено. Во Унгарија и во Полска владејачките партии Фидес и Партијата на правото и правдата упатуваат повици за спасување на христијанска Европа. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвинува Европската комисија за намера да изврши смена на народите и планови за масовно доселување на муслимани. Чешкиот премиер Андреј Бабиш од своја страна разгорува страсти против премногу силна и политизирана ЕК; словачката партија на власт, СМЕР-СД европските политичари ги нарекува „губитници“.
Различни интереси
Генерално, раководните политичари во Полска, Чешка и Унгарија пледираат за посилна „Европа на нациите“, а за помалку надлежности за телата на ЕУ. Конкретни реформски предлози притоа речиси и да нема. Виктор Орбан во март иницираше Шенгенски совет на министри за внатрешни работи, кој би се грижел заштита на границите и миграциските прашања. Андреј Бабиш се залага Европскиот совет, гремиумот на шефовите на држави или влади на ЕУ, да стане еден вид последна одлучувачка инстанца на Европската унија. За разлика од Орбан, Бабиш ни оддалеку не е толку евроскептичен, што кореспондира со неговите деловни интереси: неговиот концерн Агроферт опфаќа фирми во целата ЕУ и силно профитира од европските субвенции. Бабиш во прва линија е заинтересиран за дебирократизирана и поефикасна ЕУ.
Словачка пак е членка на еврозоната и се смета за дел од јадрото на Европа. Неодамна за претседател на земјата беше избрана проевропски, леволиберално-прогресивно ориенираната Зузана Чапутова. Премиерот Петер Пелегрини, кој е на власт една година, е јасно попроевропски настроен од својот претходник Роберт Фицо, кој како шеф на номинално социјалдемократската владина партија СМЕР-СД во извесен период водеше нагласено националистичко-популистичка политика.
Лакмус - односот кон Русија
Низ Вишеградската група е присутен вистински расцеп во важно надворешнополитичко прашање, кое ги поделува и другите членки на ЕУ: односот кон Русија. Полска во Русија гледа опасност и се залага за натамошни санкции и поодлучно разврзување на економската соработка со Москва, пред сѐ во поглед на руското лиферување на гас и нафта во ЕУ. Наспроти тоа, Словачка и посебно Унгарија водат нагласено проруска политика. Унгарскиот премиер Виктор Орбан се среќава почесто со Путин од кој било друг премиер од ЕУ. Под мотото „отворање кон Исток“, Унгарија во голема мерка ја прошири својата економска соработка со Русија и централноазиските држави во последните години.
Водечките политичари од Вишеградската група радо се жалат и на недоволното разбирање на Западот на ЕУ во поглед на историјата и културниот идентитет на Централна Европа, на апстрахирањето на децениското советско угнетување на регионот, што води кон неприфаќање на „диктатот од Брисел“. Но, и овој наратив не издржува поконкретна анализа. Додека Полска е во знакот на месијанскиот, ултраконзервативен антикомунизам на еден Јарослав Качински, Виктор Орбан одамна своето антикомунистичко минато го има само како декларативен плакат- неговата партија Фидес, на пример, со сета сила спречуваше уште во 1990-те години преиспитување на делувањето на поранешниот комунистички безбедносен апарат. Во Чешка, напротив, во ликот на Андреј Бабиш на власт е поранешен реал-социјалистички економски функционер и соработник на чехословачката служба за државна безбедност.
Всушност, унгарскиот премиер Орбан со драга волја би станал лидер на силен Вишеградски блок, од кој би произлегол решавачки реформски импулс за поголема национална сувереност на државите-членки. Орбан уште 2017 година ја прогласи за „година на револт“ против европскиот естаблишмент и упати повик против „бриселската бирократија“. Кога тоа изостана, 2018 година ја прогласи за година во која ќе дојде до „повторно воспоставување на волјата на европските народи“. Сега тој ги стилизира изборите за Европскиот парламент во решавачка битка за преживување или пропаст на Западот. Шансите повторно да греши, не се мали.
Поглед кон многуте лица на Европа
„Тука е Европа. Како изгледа? Како шарено исфарбана лудница“, се потсмеваше поетот Курт Тухолски во 1932 година. Што е оттогаш променето? Лицата на Европа покажуваат: борбата за единство се исплати!
Фотографија: Getty Images/S. Gallup
Европа: Повеќе од Меркел
Германската канцеларка Ангела Меркел на многу ноќни заседанија во Брисел или други места ги смируваше раскараните влади и ги воведуваше во еден колосек. Или можеби во нејзиниот колосек? Нејзините критичари во ЕУ се жалат на доминација на Меркел, некои велат дека таа е шефица на Европа. Тоа, се разбира, е погрешно - формално погледнато.
Фотографија: Reuters/Y. Herman
Новата Европа: Макрон се бори за реформи
Кога француските војници се постројуваат пред Триумфалната капија, тогаш атмосферата е полна со патос, но и национализам. Европа? Тоа беше идејата за надминување на националистичките тенденции и непријателства. За францускиот претседател Емануел Макрон гордоста на неговата „гранде“ нација и вербата во една нова Европа не се спротивности. Макрон се бори за реформи.
Фотографија: picture-alliance/abaca/C. Liewig
Грета Тунберг не е сама
Девојчето со плетенки (во средина на сликата) во моментов е највозбудливото лице на Европа. 16-годишната Грета Тунберг од Шведска со „Училишниот штрајк за климата“ иницираше глобално движење. Во многу земји учениците во петоците не одат на настава, туку излегуваат на протести од кои ги повикуваат политичарите на акција за заштита на климата.
Фотографија: Imago/IP3press/V. Isore
Жената со име Кончита. Жена?
Австриската пејачка Кончита Вурст е сликана по нејзиниот голем успех - победата на Евросонг 2014 година во Копенхаген. Пејачка? Самонаречената „Dragqueen“ е уметникот Том Нојвирт, кој денес впрочем изгледа сосема поинаку отколку на оваа фотографија. Успехот на Кончита го славеа не само фановите на поп-музиката, туку и многумина кои се залагаат за отворена Европа.
Фотографија: Getty Images/R. Singsaas
„Не ве сакаме“
И ова се лица на Европа: демонстрации на ултрадесничари во Брисел против странците кои во Европа доаѓаат како бегалци. Повод за безредијата во декември 2018 година беше Миграцискиот пакт, кој европските политичари претходно го склучија во Маракеш.
Фотографија: Reuters/F. Lenoir
„We never go out of style“: Мода во Милано
Европа е шик - особено во Милано, за време на Неделата на модата. И, види: Европа е и разнолика. Овде, на пример, на пистата има манекени од различни земји, во класични модели на германската дизајнерка Џил Сандер. Кога дизајнерката од Хамбург креира, Европа се облекува со многу стил!
Фотографија: picture alliance/Photoshot
Волјата на народот. Но која волја?
Поглед одозгора врз пленарната сала на Европскиот парламент во Стразбур: Кога се сите присутни, во клупите седат 751 жени и мажи, избрани за период од 5 години од страна на граѓаните од - сѐ уште - 28 земји членки. Европратениците по изборите треба да ја застапуваат волјата на граѓаните. Но, со оглед на разликите во ЕУ, се поставува прашањето: Која волја?
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Seeger
Виктор Орбан: Поглед на Европа од десно
Кога картата на ЕУ ќе се погледне одозгора, Унгарија се наоѓа десно од Брисел. Прилично подесно. Тоа што таму владее Виктор Орбан, еден националистички настроен политичар, за врвот на ЕУ во Брисел е мачно. Орбан, на свој начин, е успешен десен популист, што не секаде во Европа се прифаќа со радост.
Фотографија: Reuters/B. Szabo
Гордоста на Французите: "Allez les bleus!"
Француската фудбалска репрезентација на тренинг. Во 2018 година „сините“ станаа светски прваци, а насмеаниот Килијан Мбапе (во средина) на последниот натпревар против Хрватска го постигна решавачкиот гол за резултат 4:20. Мбапе е Французин, мајка му е од Алжир, татко му од Камерун. Мултикултурност - за многу луѓе во Франција тоа е нешто што се подразбира само по себе.
Фотографија: Imago/PanoramiC/A. Bibard
Европа старее
До 2025 година речиси 30% од европските граѓани ќе бидат постари од 60 години. Во оваа пешачка зона во Италија тоа веќе може да се препознае. Што значи демографската промена? И дали ЕУ ги нема сите причини за на луѓето од странство да им посака добредојде? Само за пример - во Гана само 4% од населението е постаро од 65 години.
Фотографија: picture alliance/AP Images/L. Bruno
Муслимани во Бугарија
Човек на молитва во Бугарија. Православна Бугарија, која се граничи со Турција и со регион на повеќе исламски земји, има голем број граѓани со исламска вероисповед. Секој седми жител е муслиман. Многумина на тоа гледаат како на закана наместо како на богатство.
Фотографија: BGNES
Федерика Могерини и погледот кон светот
Како „Висока претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика“ италијанската политичарка Федерика Могерини е надлежна за меѓународни прашања. Во ЕУ постојано се слуша барање за заедничка надворешна политика. Но досега нема „министер/ка за надворешни работи“ на ЕУ.
Фотографија: Reuters
Патување опасно по живот
Чамец со бегалци од Сирија и Ирак пред грчкиот остров Лезбос. Сѐ уште многу луѓе го ставаат својот живот на коцка и тргнуваат на опасно патување кон Европа. Криумчарите на луѓе со тоа заработуваат огромни суми пари. Според проценки на хуманитарните организации, во 2018 година во Средоземното Море се удавиле повеќе од 2.000 бегалци.
И во некои земји членки на ЕУ има млади луѓе кои и покрај доброто образование и квалификации попусто бараат работа. Овде, на пример, млади стојат пред огласната табла на Агенцијата за работа во Ваљадолид, Шпанија. Во оваа јужноевропска земја стапката на невработени млади, според Евростат, изнесува речиси 38%. За споредба: во Германија таа е само 6,6%.