Вкупно 44 години затвор за обвинетите во аферата „Бачило“
13 април 2007Реклама
Вкупно 44 години затвор добија 21 обвинети лица во аферата „Бачило“. Највисока казна од четиринаесет години доби првообвинетиот нотарот Никола Стојменовиќ, додека овчарот Иснифарис Џемаили е осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци. Тригодишна затворска казна меѓу останатите доби и поранешниот заменик министер за економија Саша Андоновски. Во корист на државата од обвинетите ќе се одземат околу два милиони евра, но и целокупното земјиште кое било предмет на денационализација. Дел од бранителите најавија жалби на пресудите. Судскиот процес „Бачило“ беше завршен за најкратко време во историјата на македонското судство.