1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски и Иванов се под притисок

ЕМФ/стандард; јунге велт8 јуни 2016

Јоханес Хајндл на четирите големи партии треба да им стави до знаење што очекува Западот, пишува, меѓу другото, печатот на германски јазик.

Фотографија: DW/P. Stojanovski

Австрискиот весник „Стандард“ во текстот за состојбата во Македонија по повлекувањето на аболициите од страна на македонскиот претседател Иванов, констатира дека притисокот на ЕУ и САД, но и на опозицијата се одржал.

„Потегот на Иванов е пред сѐ пораз за екс-премиерот НиколаГруевски, кој ја предводи владејачката национално-конзервативна ВМРО ДПМНЕ. Груевски веќе не е премиер, но е движечка сила во земјата“, оценува весникот.

Потсетувајќи на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека „Специјалното обвинителство сега ќе може да продолжи со својата важна работа“, весникот констатира дека „сега одлучувачки е дали ВМРО ДПМНЕ и натаму ќе се обидува да ја поткопува работата на Специјалното обвинителство.“

Под наслов „Владата во дефанзива“ германскиот весник „Јунге велт“ пишува:

„Македонската влада е во дефанзива. И повлекувањето на амнестијата за 56-темина осомничени и одлагањето на парламентарните избори, планирани за 5 јуни, покажуваат дека Груевски и Иванов се под притисок. За тоа придонесе од една страна протестното движење - инаку на Запад одвај забележано - кое ширум земјата секојдневно мобилизираше илјадници луѓе против режимот. Од друга страна, на ЕУ и пред сѐ Германија, им е важно во Македонија да владеат стабилни односи. Затоа Јоханес Хајндл пристигна во Скопје. Германскиот амбасадор во Виена, со надлежности на 'западниот Балкан' делумно се образувал и во САД. Дипломат кој на четирите големи партии сега треба да им стави јасно до знаењ што од нив очекува Западот.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми