Македонскиот Уставен суд, меѓу другото, привремено го запре и намалувањето на платите на функционерите, кое е една од владините мерки против влијанието на коронавирусот врз економијата.Владата остро реагираше на одлуката
Реклама
Македонската влада оцени дека Уставниот суд ја загрозува борбата со коронавирусот со одлуката да се започне постапка за поништување на уредбата за намалување на платите на функционерите за време на пандемијата.
На денешната седница Уставниот суд одлучи да поведе постапка за уставноста на неколку уредби кои ги донесе Владата за справување со корона-кризата, меѓу кои и онаа за воведување минимални плати за функционерите, како мерка против влијанието на коронавирусот врз економијата. Ова практично значи дека доколку до исплатата на платите во државните институции Уставниот суд не донесе конечна одлука, министрите, директорите, функционерите и судиите ќе земат плата по старо.
Владата во Скопје на 31 март, годинава како една од мерките на антикризниот пакет, ја намали платата за април и за мај на претседателот на државата, премиерот и на сите избрани и именувани функционери.
Тоа предизвика незадоволство меѓу судиите и обвинителите кои оваа одлука ја оспорија пред Уставниот суд. Владата во соопштението наведе дека Уставниот суд „директно и наштетува на солидарноста во земјата“ и „во обезбедувањето средства за борба против Ковид-19“ со започнувањето на постапка за поништување на одредбата на Владата за намалување на платите на 2.600 функционери, пратеници, судии и обвинители на минимална плата од 14.500 денари.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Huan
8 фотографии1 | 8
„Со оваа одлука Уставниот суд директно спречува да се обезбедат 240 милиони денари во буџетот за борба против Ковид-19“, наведе Владата на С. Македонија и изрази разочарување од „скандалозната одлука која ја загрозува борбата против коронавирусот“.