1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата поништува министерски одлуки

БГ8 април 2016

Владата ги поништила сите решенија донесени од министрите на СДСМ во периодот од 11 ноември до 7 април годинава. Министерот Спасовски вели дека ова е „насилие“.

Фотографија: DW/P. Stojanovsk

Владата ги поништила сите одлуки на министрите од СДСМ во министерствата за внатрешни работи и труд и социјална политика. Одлуката била донесена на седница одржана денеска на која не присуствувале министрите Оливер Спасовски и Фросина Ременски. Образложението за ваквата одлука, според владиното соопштение, е во прекршувањето на член од Законот за влада кој предвидувал, министрите при донесување акти да ги консултираат и дополнителните заменици министри.

„На овие акти кои Владата им ги поништува нема потпис од дополнителниот заменик министер, од што произлегува дека тие акти се незаконски донесени и се спротивни на Законот за Владата и затоа Владата ги поништи овие нивни акти“, се наведува во соопштението.

Од Владата тврдат дека одлуката била донесена врз основа на законска процедура.

Владата наложи во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика да се воспостави претходната состојба каква што била пред донесувањето на наведените противзаконски и еднострани акти, кои Владата ги поништи.

СДСМ: Противзаконска одлука

Министерот Спасовски попладнево оцени дека со оваа одлука „уште еднаш е прекршен договорот од Пржино“.

„Донесена е противзаконска одлука. Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не планираат да одржат регуларни, фер и демократски избори на 5 јуни“, рече Спасовски, според кој, се работи за насилие и директно навлегување во ингеренции кои им припаѓаат на министрите во владата. Спасовски тврди дека техничката влада нема надлежност да поништува одлуки на министри, туку тоа може да го прави само ДИК.

„Ова е насилие врз државата и врз државните органи кое го спроведуваат владата и премиерот“, рече Спасовски.

Експремиерот Никола Груевски на вчерашната прес-конференција, одговарајќи на критиките дека ВМРО-ДПМНЕ ја партизира државата, тврдеше дека токму лидерот Зоран Заев и кадрите на СДСМ во министерствата го прават тоа. „Има ли поголемо мешање на партијата со државата во ситуација кога неговиот министер за внатрешни на денот кога поднесува оставка истовремено менува 100 лица во МВР?“ рече Груевски.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми