1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Владата одлучи - полициски час од 23 часот

ДТЗ
4 мај 2021

Летните тераси на кафулињата и рестораните ќе бидат отворени за гости до 22.30 часот. Се воведува и задолжителен карантин за сите патници од Индија и Бразил.

Nord-Mazedonien Skopje | Coronakrise: Gastronomie muss wieder schließen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Полицискиот час од утре ќе започнува во 23 часот и ќе трае до 5 часот изутрината. Ваквата одлука ја потврди македонската Владата на денешната 68-ма седница, на која донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните, како една од мерките за спречување на ширењето наКовид-19.

„Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи“, соопшти Владата. Досега на сила беше ограничување на движењето на граѓаните од 21 часот до 5 часот изутрина.

Владата го прифати и предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми