Владата преживеа
8 јуни 2007Реклама
Со 65 гласови , доцна ноќеска, е одбиена интерпелацијата поднесена од СДСМ. Меѓу 45-те пратеници кои гласаа за политичка одговорност на владата, што ја побараа социјалдемократите, се приклучија и либералдемократите со нивниот лидер, сега жесток критичар на власта, Јован Манасиевски, како и пратениците од ДУИ. Во предполноќните часови, парламентарниот дуел меѓу лидерот на СДСМ, Радмила Шеќеринска, која го обвини премеирот за отсуство на државнички капацитети, политичка инфериорност кон меѓуетничките односи, блеф со економската програма и претседателот на владата, Никола Груевски кој одговори со економски бројки и најави дека ќе продолжи да работи како и досега и дека нема да прифати никакви уцени.