1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владина коалиција за Косово

19 ноември 2004

Коалиционите преговори за новата косовска влада се заклучени.

Сцена од изборите на Косово
Сцена од изборите на КосовоФотографија: AP

По околу еден месец од парламентарните избори, победничкиот Демократски сојуз на Косово се реши на коалиција со Алијансата за иднина на Косово, со Христијанско демократската партија и со неколку помали партии на малцинствата, меѓу кои меѓутоа нема ни една на Србите. Со таквата партиска коалиција најверојатно ќе раководи Рамуш Харадинај.

Патот за создавање нова влада на Косово и за избор на претседател е сега слободен. Под раководство на партијата на актуелниот претседател Ибрахим Ругова треба да се создаде коалициона влада, што ќе располага со доволно мнозинство во парламентот за да го овозможи реизборот на Ругова. Најважен коалиционен партнер при тоа е партијата наследничка на ОВК на Рамуш Харадинај, кој со тоа треба да го добие премиерското место.

Дискусијата околу неговата улога во косовската војна од последниве денови го одложи формирањето на владината коалиција, иако двете клучни партии веќе подолго се спогодија околу основите на соработката. Харадинај имено мораше да се појави на разговори во приштинското биро на Хашкиот трибунал за воени злостори. Токму поради тоа на Косово со нетрпение се очекуваа реакциите на меѓународниот фактор по објавувањето на владината коалиција. Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен го поздрави договорот на партиите и апелираше за брзо формирање на владиниот кабинет. Што се однесува до личноста на идниот премиер, тој рече:

“Ако се изјаснам против овој кандидат, тогаш би се изјаснил против демократијата.“

Ваквиот избор, имено, се потпира врз изјаснувањето на косовските граѓани и тоа мора да се почитува, нагласи шефот на УНМИК.

Именуваниот премиер Рамуш Харадинај најави брзо создавање владин кабинет:

“Шефот на УНМИК понуди поддршка и помош за меѓупартискиот договор да го преточиме во институциите. Тој исто така посочи дека не очекува една голема задача за која останува малку време, а тоа е реализацијата на стандардите на ОН за Косово. Јас му ветив дека сум свесен за тоа и дека немам илузии во поглед на фактот дека задачите што се пред нас се лесни. Истовремено веруваме дека со подобра соработка со сите на Косово можеме да постигнеме добри резултати.“

Новата влада во Приштина треба да има 12 министерства, за разлика од досегашните девет. Нови се ресорите за енергија, локална самоуправа и за малцинствата. Последниот ресор треба да го пополни Србин од Косово, иако Србите не се вклучени во владата, бидејќи ги бојкотираа изборите. Празни се и 10-те места во парламентот што им се гарантирани.

Шефот на опозиционата “Ора“ , публицистот Ветон Сурои вака одреагира на веста за новата владина коалиција во Приштина:

“Ние ја прифативме оваа спогодба и им честитавме на Ругова и Харадинај, бидејќи ова за прв пат се случува на Косово да имаме влада без влијание од надвор. Но, за нас не е добро што владината коалиција е создадена без програма и се сомневаме дека владата ќе биде ефикасна, компетентна и дека нема да биде корумпирана“ - нагласи Сурои.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми