1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владина криза во Србија

7 март 2008

Српската влада е во криза, по синоќешната седница на која не беше донесен закључок дека само со Косово може да продолжи курсот кон ЕУ. Премиерот Воислав Коштуница веќе нема доверба во коалиционите партнери ДП и Г 17

Српскиот Премиер, Воислав КоштуницаФотографија: AP

Српската радикална партија нема да ја повлече предлог резолуцијата за ЕУ, која во понеделник ќе се најде пред Парламентот. Заменик партискиот претседател, Томислав Николиќ изјави дека нема да го послуша барањето на претседателот Борис Тадиќ бидејќи станува збор за документ, кој ги штити интересите на државата и граѓаните.

Претседателот на Парламентот, Оливер Дулиќ, изјави дека ќе поднесе оставка доколку Парламентот ја изгласа резолуцијата. Во меѓувреме од редовите на Г 17 плус и Социјалистите пристигнаа предупредувања дека доколку не биде најден заеднички јазик, кризата ќе резултира со предвремени парламентарни избори.

Политичкиот експерт Дејан Вук Станковиќ не исклучува такво сценарио доколку резолуцијата на Радикалите, помине во Парламентот. За она што би следело тој вели:

„ Демократската партија тоа просто да го игнорира, односно да одлучи да се спротивстави на тоа и да се повлече од владата. Со тоа би ги оставиле ДПС и Радикалите сами да продолжат со спроведување на политиката од резолуцијата, а би се обиделе во краток рок да издејствуваат предвремени избори„

Претседателот Борис Тадиќ, уште еднаш повика на повлекување на резолуцијата и продолжување на евроинтеграциите. Тој веднаш би го потпишал договорот за стабилизација и асоцијација доколку и биде понуден на Србија, ако треба и сам, за што како што вели постоела правна основа. Дејан Вук Станковиќ смета дека таквиот потег нема да има ефект:

„Парламентот ќе го одбие и нема да го ратификува договорот. Таквиот потег би значел дефинитевен крај на владината коалиција„

Во меѓувреме заедницата на српските општини и населби и Српскиот национален совет на северно Косово и Метохија ја поддржаа резолуцијата. Оттаму сметаат дека таа не ги затвара вратите за влез на Србија во ЕУ, туку дава сигнал дека земјата нема намера да стане дел од неа без Косово.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми