1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Влијателниот кардинал Пел осуден за злоставување деца

ЕМФ / дв
26 февруари 2019

Австралискиот кардинал и финансиски шеф во Ватикан, Џорџ Пел, е осуден поради сексуално злоставување деца, потврдија претставници на судот во Мелбурн. Казната сѐ уште не е соопштена.

Australien, Melbourne: Kardinal George Pell wegen Kindesmissbrauchs verurteilt
Фотографија: picture-alliance/dpa/E. Anderson

Кардиналот Џорџ Пел е прогласен за виновен за злоставување и сексуални напади врз две деца од хорот во катедралата Сент Патрик во Мелбурн, во текот на 1990-те. Жртвите тогаш биле на возраст од 12, односно 13 години. Пел е досега највисок по ранг свештеник од католичката црква кој е осуден за злоставување.

Кардиналот секогаш категорично ги отфрлаше обвинувањата. Неговиот адвокат најави поднесување жалба.

Цртеж од судењето на кардиналот Пел во МелбурнФотографија: picture alliance/dpa/J. Hayes

Пресудата, инаку, била донесена уште во декември, меѓутоа по наредба на судот досега се држеше во тајност. Причина за тоа бил друг планиран процес за други обвинувања против Пел. Со забраната за какво било известување за процесот кој бил завршен во декември требало да се спречи евентуално влијание врз процес кој сѐ уште траел. Меѓутоа, Обвинителството денеска донесе одлука да се откаже од втората постапка, со што е укината забраната за известување за пресудата во првиот процес.

Повеќе:

Ден што не се заборава

Денови на тажната вистина во Ватикан

Скандалите во католичката црква

Римокатоличката црква е со години соочена со скандали со злоставување деца во многу земји. Притоа, меѓу обвинувањата е и она дека црквата ги прикрива случаите. Минатата недела првпат во Ватикан се одржа повеќедневен кризен самит посветен на темата злоставување деца.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми