1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО-ДПМНЕ демантира: Не бараме амнестија

БГ
2 мај 2017

По интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за Дојче Веле во кое го обвини Груевски дека целта му е амнестија, од ВМРО-ДПМНЕ негираат дека тоа е точно.

Mazedonien Nikola Gruevski VMRO-DPMNE
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski

ВМРО-ДПМНЕ ги демантира наводите на Заев во интервјуто за Дојче Веле. Во разговорот за нашата куќа, Заев рече дека тоа што го прави Груевски „го прави за да се пазари за амнестија. Амнестија нема да има“. 
Од поранешната владејачка партија тврдат дека „ВМРО-ДПМНЕ не барало амнестија“. 

„Зоран Заев не може да сфати дека некој искрено ја сака Македонија и дека некој искрено и чесно се бори за одбрана на државните и национални интереси. Кај него сè е предмет на пазарење и преговарање. Затоа Заев лаже и клевети. ВМРО-ДПМНЕ ниту барало амнестија, ниту има причина да бара амнестија. ВМРО-ДПМНЕ секогаш било на страна на народот и државата. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и криминалецот Заев", пишува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Целото интервју со Зоран Заев можете да го прочитате тука.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми