1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО-ДПМНЕ е победник на изборите сo 51 мандат

12 декември 2016

ВМРО -ДПМНЕ на изборите има освоено 51, а СДСМ 49 пратенички мандати, соопшти вечерва Државната изборна комисија

Mazedonien Wahlen - VMRO DPMNE Nikola Gruevski
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

ДИК вечерва ги објави првичните резултати, според кои ВМРО-ДПМНЕ е победник на предвремените парламентарни избори и освоил 51 мандат, односно два повеќе од опозицискиот СДСМ кој има 49.

Податоците според изборни единици се следни: 

Во ИЕ 1 ВМРО-ДПМНЕ освои 8 мандати, СДСМ 10 мандати, БЕСА 1 и ДУИ 1 мандат.

Во ИЕ 2 ВМРО-ДПМНЕ освои 9 мандати, СДСМ 8 мандати, БЕСА 1 и ДУИ 2 мандати.

Во ИЕ 3 ВМРО-ДПМНЕ освои 11 мандати а СДСМ 9 мандати.

Во ИЕ 4 ВМРО-ДПМНЕ освои 10 мандати и СДСМ 10 мандати.

Во ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ освои 9 мандати, СДСМ 9 мандати и ДУИ 1 и Алијанса на Албанците 1 мандат.

Во ИЕ 6 ВМРО-ДПМНЕ освои 4 мандати, СДСМ 3 мандати, БЕСА 3 мандати, Алијанса на Албанците 2, ДУИ 6 и ДПА 2 мандати.

Пред почетокот на прес-конференцијата, пред седиштето на ДИК на протест беа собрани околу стотина граѓани кои го извикуваа иметото на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Тврдеа дека никој не ги организирал и дека се собрале спонтано поради страв дека некој сака да и ја украде победата на партијата. Веднаш откако ДИК ги соопшти резултатите, тие си заминаа.

И во текот на денот не престанаа прозивките и шпекулациите дека ДИК „нешто подготвува“.

„Да не помислат да ја фалсификуваат волјата на избирачите, затоа што Македонија гласаше, имавме фер и регуларни избори“, пореча денеска Влатко Ѓорчев, кој беше носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 6.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми