1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ договорија нова Влада

БГ/миа10 мај 2014

Двете партии кои се во коалиција од вонредните избори во 2008 година, договорија да ја продолжат соработката и во следните четири години. Нема детали за распределбата на функциите.

Фотографија: DW

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ соопштија дека како партии кои добиле најголема доверба на граѓаните, постигнале согласност за формирање ново парламентарно мнозинство.

„Партиите при договарањето на оваа коалиција, пред сѐ ги имаа интересот на граѓаните за овие прашања, како и контекстот на времето и моментот во кој се наоѓа Република Македонија, регионот, но и пошироко. Согласно своите програмски определби и изборни ветувања одлучија главни приоритети на идното владино делување во наредниот период да бидат евроатлантските интеграции, како и економскиот развој на земјата, изразен преку реформи и проекти за подобрување на економската и социјалната состојба, нови работни места и инвестиции“, се вели во заедничкото соопштение што го испратија двете партии.

Оттаму посочуваат дека за таа цел ќе се формира и заедничка мешовита работна група од двете партии, за помагање, подршка и проценка на работата на владата и ресорните министерства вклучени во евроатлантскиот интегративен процес.

„Економските ресори во владата, советот и соодветните владини институции ќе работат со засилена динамика на зацртаните економски цели. Во периодот кој следи, а согласно програмските и утврдените постулати, особено до самитот на НАТО и Министерскиот совет на ЕУ, претставниците на оваа работна група редовно ќе ги информираат партиите за постигнатите резултати и спроведените чекори, мерки и реформи на основа на што тие ќе одлучат за натамошните чекори и постапки на партиите, кои ја сочинуваат владата“, се посочува во соопштението.

Од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека преговарачките групи на двете партии ќе продолжат да работат на усогласување на принципите врз основа на кои, како што се посочува во соопштението, ќе функционираат партнерите во владата, како и за поделба на ресорите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми