1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО-ДПМНЕ: Рама не е добро информиран

БГ/миа9 јули 2014

Владејачката партија во Македонија реагира на изјавата на албанскиот премиер Рама, кој оцени дека протестите во земјата се резултат на нецелосното спроведување на Рамковниот договор

Фотографија: Reuters

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ му порачуваат на албанскиот премиер Еди Рама дека не е доволно информиран за случувањата во Македонија, откако тој изјави дека последните настани во земјата се поради нецелосното спроведување на Охридскиот договор.

„Она што се случува во Македонија бара посебно внимание, одмереност но и рефлексија", порачал Рама синоќа во Тирана.

Од македонската влада засега нема коментар на изјавата на премиерот на соседната држава.

„Радикалните протести кои се случуваат деновиве во Република Македонија немаат никаква поврзаност со Охридскиот рамковен договор, ниту пак со меѓуетничките односи, туку напротив организаторите на овие протести ја кријат својата радикална агенда зад параванот на меѓуетнички односи“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овие протести се мотивирани и се производ на верски радикални елементи, кои се спротивставуваат на пресуда на независен суд за сторено кривично дело свирепо убиство на пет лица, од кои четворица малолетници, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ му порачуваат на Рама „да направи една посета на средините во Република Албанија, каде што живее македонско етничко население и да ги види условите во кои тие луѓе живеат таму и да направи споредба со условите во кои живеат Албанците во Република Македонија“. Потоа го повикуваат да се организира дебата и да се говори за степенот на исполнување на стандардите кои владеат во двете соседни држави.

И официјална Тирана и Приштина реагираа со сличен тон по протестите во Скопје и други градови поради пресудата за „случајот Монструм“. Албанските и косовските власти порачаа дека е потребно целосно исполнување на Рамковниот договор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми