1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидоа да испровоцираат инциденти

Катерина Блажевска27 април 2014

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција соопшти дека денеска (27.04) се одржааа најмирните избори во историјата на Република Македонија.

Фотографија: MIA

„На овие избори победија граѓаните, победи Република Македонија, победија гласачите кои избраа претседател и легитимни пратеници во Собранието на Република Македонија“, рече носителот на листа на оваа партија, Антонио Милошоски. Тој изрази благодарност до сите граѓани на Македонија кои придонесоа за мирниот изборен ден.

„Македонците имаат висока демократска свест и знаат да го препознаат кој е нашиот национален и државен интерес. Ова се убедливо најмирните и најдемократски избори во Македонија. Тоа го докажа текот на целиот изборен ден. Граѓаните покажаа дека се европејци и според системот на вредности, но и според спроведувањето на демократските избори. Граѓаните не дозволија да бидат вовлечени во манипулативните игри на СДСМ. Одредени структури на СДСМ невешто се обидоа да испровоцираат инциденти, преку кршење на изборниот молк, со полувистини и недоречености на ниво на шпекулации и манипулации. Граѓаните беа позрели од некои политички партии и јасно ја изразија својата политичка волја. Опозицијата денеска имаше јалови обиди за креирање на некакви изборни нерегуларности. Тие се обидоа да креираат слика дека нешто страшно се случува на теренот. Опозицијата беше прочитана и не успеа изборниот неуспех да го префрли на грбот на граѓаните. Имаше притисоци врз вработените на комуналните претпријатија во Струмица, се правеле списоци за отпуштање од администрацијата во општините каде СДСМ е на власт, но сето тоа не успеа“, изјави Милошоски.

[No title]

This browser does not support the audio element.

Вечерва и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека изборите поминале без никакави инциденти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми