1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО-ДПМНЕ на протести во 11 градови

ДТЗ
7 јуни 2021

Мицкоски се сомнева дека на преговарачката маса за симнување на ветото од Бугарија се ставени идентитетот, јазикот, културата поради што постои опасност за бугаризација.

Nordmazedonien Wahlen Hristijan Mickoski VMRO-DPMNE Partei
Фотографија: Petr Stojanovski

ВМРО-ДПМНЕ утре од 15 до 17 часот во Скопје и во уште десет градови ќе организира предупредувачки протест, од кој најавија дека ќе побараат Владата да го објави патоказот, за кој според партијата, преговараат со Софија премиерот Зоран Заев и владиниот специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски. Доколку не се даде тој документ на увид на јавноста, ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе и други активности, како институционални блокади и слично. Протестите ќе бидат од 15 до 17 часот на три локации во Скопје, пред Собранието, пред ТЦ „Мавровка“ и пред зградата на поранешна „Нова Македонија“.

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека на преговарачката маса за симнување на ветото од Бугарија се ставени идентитетот, јазикот, културата, односно постои опасност за бугаризација на земјата. Повикувајќи се на дипломатски извори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг рече дека двоецот Заев-Бучковски преговара со техничката бугарска влада за делови од декларацијата, која беше усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година. 

Две можни решенија

Според Мицкоски, има две решенија за Македонија да добие зелено светло за отпочнување преговори за членство во ЕУ. Првото решение, за кое смета дека е најмалку веројатно, е Европскиот совет да донесе одлука без условувања и да извршат притисок врз бугарскиот претседател Румен Радев и техничката влада. Но, за ова да се случи, Мицкоски вели дека шансите се 5 отсто. Второто решение е Заев и Бучковски да прифатат дел од бугарската декларацијата и директно да преговараат за идентитетот, јазикот и за културата, и тоа според него ќе бидат преговори без крај. Или пак, сите овие барања да бидат прифатени усно со изговор дека Бугарија има техничка влада и дека преговорите за спорот ќе продолжат откако ќе се формира новата влада. Можноста за ова сценарио е 70 до 73 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

-повеќе на темата: Кој треба да биде Пушкин: Мицкоски или Заев

Доколку се случи второто сценарио, според Мицкоски, проблемот со Бугарија нема да остане само меѓу Македонија и Бугарија, туку ќе прерасне во проблем меѓу земјата и ЕУ. 

Тој апелираше до сите политички партии да се приклучат на барикадите, „затоа што македонскиот народ, македонската нација заслужуваат одбрана во овој момент“. 

„Македонскиот народ, македонската нација, македонската држава заслужува без условување, без дополнителни патокази, без дополнителни договори уште од 2009 година почнување на преговорите со ЕУ. Ние ги споделуваме вредностите кои што ги споделуваат жителите на земјите членки на ЕУ. Затоа апелирам до вас оставете ги овие хегемонистички барања од официјална Софија кои што ги негираат посебноста на македонскиот јазик, идентитетот, историјата, културата, обичаите, и стапете со вредностите на кои што почива идејата за ЕУ. Дајте ни датум да почнеме со преговори и таа дата да биде сега на 21 јуни“, вели Мицкоски во пораката до ЕУ. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми