1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Внимание бактерии: избегнувајте сушалки за раце

27 октомври 2018

Сушалките за раце во јавните тоалети се легла на бактерии. Треба да бидат забранети, велат научниците. Зошто? Затоа што луѓето не ги мијат рацете правилно

Händetrockner
Фотографија: Colourbox

Јавните тоалети во кои се користат сушалки за раце имаат далеку повеќе бактерии во воздухот и на површината од тоалетите каде се користат хартиени марамчиња. Апаратите, кои ги сушат рацете преку топол воздух, всушност се распространувач на бактериите.
Причина: луѓето најчесто не ги мијат правилно рацете! Поради тоа, бактериите кои остануваат на рацете преку топлиот воздух се распределуваат низ целата просторија.
Во 2014 година научниците на Универзитетот Лидс во Англија докажаа дека сушалките за раце распространуваат 27 пати повеќе бактерии од хартиените марамчиња.
Истите научници сега докажаа и дека јавните тоалети со сушалки за раце имаат далеку повеќе бактерии од оние со хартиени марамчиња.
Уште повознемирувачки: во некои јавни тоалети со сушалки откриени се бактерии резистентни на антибиотици. Тие бактерии се проблем низ целиот свет- особено во болниците и домовите за нега.
Научниците затоа бараат сушалките за раце да бидат забранети во јавни институции, како болниците. Хартиените марамчиња апсорбираат голем дел од водата а со тоа и бактериите кои остануваат на рацете по миењето. Тие бактерии потоа не можат да се размножуваат во таа просторија.
Исто толку е важно, луѓето по користењето на тоалетот темелно да ги измијат рацете со топла вода и сапун. Доколку имате избор, подобро сушете ги рацете со хартиено марамче.

Научниците препорачуваат темелно миење на рацете и сушење со крпа или хартиено марамчеФотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми