1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воведувањето визи за влез во Косово се одлага за 1. јули

27 април 2005

Од Косово денеска одредени појаснувања во врска со најавеното воведување визи за влегување во покраината и царини за увоз на стоки од Македонија.

Шефот на цивилната управа на ОН за Косово (УНМИК) Сорен Јесен Петерсен
Шефот на цивилната управа на ОН за Косово (УНМИК) Сорен Јесен ПетерсенФотографија: AP

Решение за воведување визен режим донесе раководителот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен и тоа се однесува на сите странци што сакаат да го посетат Косово. Според претставници на УНМИК, овој чекор е преземен за да се подобри контролата на границите. Портпаролот на УНМИК Марси Пул изјави дека решението ќе стапи на сила на 1-ви јули, а не како што беше првобитно предвидено, на 1-ви мај. „Датумот е поместен со цел на цивилната управа да и’ се даде повеќе време за да изработи попрецизни правила и процедура. На Меѓународната управа тоа ќе и’ овозможи и да спроведе кампања за граѓаните благовремено да ги запознае со новите правила“ – рече Пул.

Според решението, колку што е досега познато, од обврската за добивање виза се ослободени граѓаните на Косово, Србија и Црна Гора. Решението на Петерсен беше поздравено од косовските институции, но граѓаните на Северна Албанија ги споделуваат страхувањата на дел од жителите на северозападниот дел на Македонија дека тоа ќе го попречи малограничниот промет.

Во врска со најавта за воведување царини за увоз на стоки од Македонија, според денешните информации од Приштина, тоа прашање ќе се регулира во рамките на преговорите меѓу двете страни за либерализација на меѓусебната трговија, што се во тек.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми