1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Водени топови за разбивање на демонстрациите во Берлин

ЕМФ
18 ноември 2020

Германскиот парламент денеска треба да ги донесе измените на Законот за заштита од инфекции. Оние кои не се согласуваат со законот се собраа на протести во Берлин. Протестите се разбиени од страна на полицијата.

Berlin | Anti-Corona Demo
Фотографија: Christian Mang/REUTERS

Во кризни времиња, како пандемија, треба да се дејствува брзо, па и измените на Законот за заштита на инфекции денеска експресно треба да минат во Бундестагот и Бундесратот. Првото читање на предлог измените беше пред десетина дена, а второто и третото читање парламентарците треба да ги завршат денеска, по што седница треба да одржи и Бундесратот, а на крајот, евентуално уште вечерва, потпис да стави и Сојузниот претседател.

Досега сојузните покраини се потпираа врз генерални клаузули од Законот за заштита од инфекции, кој инаку не предвидува ваква пандемија. Сега, со измените, во членот 28а се додаваат попрецизни одредби. Овој член ги опфаќа познатите можни мерки - од обврска за носење маски, преку рестрикции на контактите, сѐ до затворање продавници.

Повеќе:

Германската политика со апел до граѓаните: Ве молиме, без приватни прослави

Закана од ново затворање: Има ли план „Б“ за училиштата?

Меркел откри кој ќе има приоритет за корона-вакцина во Германија

И додека законодавците брзаат со постапката, оние кои не се согласуваат со измените на Законот за заштита од инфекции се собраа на протести во Берлин. Тие не се придржуваа до правилата за носење маски и држење дистанца. Полицијата најави дека нема да толерира масовно прекршување на мерките против пандемијата. Полицајците им се заканија на демонстрантите со растурање на протестите и таквата закана ја реализираа.

Фотографија: Fabrizio Bensch/REUTERS

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми