1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Водич за измамени жиранти

11 ноември 2011

Се проценува дека во БиХ околу 90.000 луѓе враќаат 200.000 туѓи кредити, во износ од неколку десетици милиони конвертибилни марки. Здружението за заштита на жиранти во БиХ овие денови објави „Водич за измамени жиранти“.

„Кога би ги собрал комплетните долгови за тие три кредити за кои бев жирант, тоа би излегло некаде околу 40.000 конвертибилни марки. Но, јас не сум измамен само од нивна страна. Измамен сум и од две банки, каде се зголемувани паричните износи во однос на оние за кои сум бил жирант. Имам докази дека сум измамен врз основа на документите од банките, каде и со површно погледнување се гледа дека е направена малверзација“.

Вака за Дојче веле зборува Горан Бугариновиќ, вработен во Основниот суд во Бјелина. Веќе трета година тој добива само дел од блокираната плата, само 220 конвертибилни марки, поради што зема заеми за семејството да му преживее. Тврди дека е измамен и дека по судски пат ќе бара надомест на штета. Поранешните пријатели, чии кредити враќа, живеат нормално и возат скапи автомобили.

Горан БугариновиќФотографија: Emir Musli

„Тоа се неспорни факти. И, не се работи само за мерцедеси. Тие држеа и отворени продавници и угостителски објекти, додека моето семејство и јас живеевме и пропаѓавме поради нивниот кредит“, заклучува Бугариновиќ.

Неправилности при одобрувањето на кредитите

Поради ваквите случаи на измами од страна на корисниците на кредитите и банкарските службеници, Здружението за заштита на жирантите во Босна и Херцеговина овие денови објави дополнет и попрактичен „Водич за измамени жиранти“. Се работи за упатства и можности за спас врз основа на постојните прописи, но и за предлози за менување на непрецизните закони. За пример се земени законите во земјите од ЕУ, каде свои централи имаат сите големи банки во БиХ.

Јоцо ЦвјетковиќФотографија: Emir Musli

Претседателот на здружението, дипломираниот економист Јоцо Цветковиќ, треба да врати 250.000 конвертибилни марки за кредитот на тројца поранешни пријатели. Вели дека едниот од нив има само основно училиште, но и добри врски со банкарските службеници во Босански Шамац. Со судски извршни одлуки на Цветковиќ му е попишан и блокиран целиот имот. Но, тој има намера да се бори за своите права иако, како што вели, двете ентитетски Агенции за банкарство се слепи за неправилностите при одобрувањето на кредитите.

„Во однос на законот спорен е самиот механизам за одобрување на кредитите. Пред жирантите се премолчуваше правната задолженост и вистинската задолженост на барателот на кредит, идниот носител на кредит, значи – главниот должник. Единствениот мотив банката да го направи тоа, да премолчи, значи да остане глува на законот и законските процедури за одобрување на кредит, е тој за пласирање што е можно повеќе кредити и, нормално, да може што повеќе да се заработи преку енормно високите камати“, вели Цветковиќ.

Подобра контрола и подобри закони

Цветковиќ тврди дека не е доволно само да се повика на општ неморал и на фактот дека жирантите тоа доброволно го потпишале. Со проверка на кредитните досиеја можат да се утврдат сите околности на измамата. Така направила Радмила Стевановиќ, сопственичка на позната фирма во Бјелина и веќе две години членка на здружението. Враќала туѓи кредити, но по судски пат добива отштета, бидејќи банката овозможила кредит некому, кој не бил кредитоспособен.

Радмила СтевановиќФотографија: Emir Musli

„Тоа е човек кој некогаш мене ми беше жирант за некои кредити кои јас ги враќав редовно и никогаш никој не го бараше. Тој човек имаше своја фирма, работеше, значи не се сомневав во него. Ме поттикна да бидам жирант затоа што работев со банка која навистина бараше екстра услови. На мене, да кажеме за мојот кредит, ми бараше и хипотека и жиранти и јас сметав дека така работат сите банки. Меѓутоа, дури сега гледам дека тоа воопшто не е така. Тоа се направило врз основа на некоја потврда, која што тој сам на себе си ја напишал, како директор на фирмата“, забележува Радмила Стевановиќ.

Решението се гледа во подобрата контрола и донесувањето на попрецизни закони, кои ќе ги штитат граѓаните. Божидар Радовановиќ, претседател на Здружението на измамените жиранти од Угљевиќ, се самоуби минатата година. Веќе не можел да ги плаќа месечните рати од 1.280 конвертабилни марки на име туѓи кредити. Чесниот мајстор и управник на Заводот за ремонт не можел да ја поднесе заплената на движниот и недвижен имот.

Автор: Емир Мусли / Александар Методијев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми