Воената мисија во Авганистан продолжена за една година
12 октомври 2007Реклама
Германскиот парламент донесе одлука за продолжување на мисијата на Бундесверот во Авганистан. 454 од вкупно 581 пратеници гласаа за продолжување на воената мисија во рамки на силите ИСАФ и мандатот на авионите за набљудување Торнадо. Левата партија беше против, поделени во гласањето беа пратениците од зелените.