Воздишки на олеснување во Келн
11 јули 2006Воздишки на олеснување во Келн. Заштитниот знак на градот е рехабилитиран. Комисијата за светско културно наследство на УНЕСКО ја избриша келнската катедрала позната како Дом од црвената листа на загрозени споменици на културата . Воздишки на олеснување и на местото на состанокот во главниот град на Литванија Виљнус , и тоа од страна на делегацијата Келн и пред се од Барбара Шок Вернер .
„ Најнакрај се надевавме на тоа , но во часовите претходно сепак имавме стравувања , бидејчу комисијата во други случаи претпладен секогаш донесуваше остри прессуди и токму затоа сме уште посреќни и уште порадосни , дека успеа и дека ова несреќно време за гардот Келн и за катедралата е сега е зад нас“
Пред две години УНЕСКО оцени дека келнскиот Дом и неговата доминанта положба во гратската слика е загрозена , поради тоа што на спротивната десна страна од реката Рајна беше планирана градба на неколку висококатници.
Освен една веќе завршена зграда со канцеларии , плановите натаму не бе спроведувани . Наместо тоа градот со големи трошоци , направи нови планови и тоа сега беше наградено од страна на Комисијата на УНЕСКО со бришење од црвената листа на загрозени културни наследства:
„Келн предложи три различни нацрти за урбанистичко планирање на десната страна на Рајна и сите три беа во согласност со правилата на Конвенцијата за светско културно наследство , и поради тоа се поаѓаше од фактот дека сега може да се изгради доверба кон Келн и може да се каже О.К , сега најнапред ќе бидете симнати од црвената листа и дека она за што натаму ќе треба да се одлучува, ќе го одлучувате вие , така што ние од Комисијата за светското културно наследство би можеле да се согласиме со тоа“
За титулата светско културно наследство за Келн не се поврзани никакви финансиски сретства , нио сепак таа вреди пари. Бидејќи Азијците кои обожуваат да патуваат своите европски турнеји најрадо ги планираат спрема локациите на светските културни наследства.