1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Возило влета во маса луѓе во Минстер

ЖА
7 април 2018

Комби возило влета во маса луѓе во германскиот град Минстер и уби најмалку двајца, возачот се застрелал. Наводно станува збор за Германец кој имал психички проблеми

Deutschland Kleintransporter fährt in Münster in Menschenmenge - Tote und Verletzte
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gentsch

Попладнево во центарот на градот Минстер пред еден ресторан на фреквентно место помало транспортно возило влета во група луѓе, при што загинаа три лица, вклучувајќи го возачот. Меѓу 20-тината ранети шестмина се наоѓаат во критична состојба, велат од безбедносни кругови. Полицијата во меѓувреме испитува сомнителен предмет во возилото. Очевидци велат дека возачот на комбето по нападот врз масата луѓе се застрелал самиот со огнено оружје. Наводно станува збор за Германец роден во 1969 година, кој имал психички проблеми. Засега нема информации за можните мотиви на атентатот, но се верува дека не е со терористичка заднина. 

Фотографија: picture alliance/dpa/B. Thissen

Кружат гласини дека возилото го напуштиле две лица и побегнале, но информацијата не е потврдена. Градоначалникот на Минстер Маркус Леве изрази жалење и шокираност поради настанот. Полицијата апелираше до граѓаните да не се шпекулира околу терористичка заднина на инцидентот пред да бидат познати фактите. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми