1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Волфганг Петрич за европските перспективи на Косово

29 јуни 2005

Дали актуелната криза во ЕУ ќе го отежни изнаоѓањето мирно решение за косовскиот проблем - прашање поставено на Волфганг Петрич, амбасадор во Белград за време на војната во БиХ и претставник на ЕУ во Контакт групата за Косово, кој учествуваше и во преговорите во Рамбује.

Фотографија: AP

Тој беше и последниот западен дипломат кој го напушти Белград кусо пред почетокот на војната. За ова и другите отворени прашања околу Косово, со Петрич поразговара Мимоза Келменди.

„Се надевам дека нема. Секако дека сум загрижен дека среде кризата внатре во ЕУ може да бидат заборавени проблемите што и‘ се пред вратата. Бев неодамна во Брисел и разговарав со еврко-комесарот за проширување Оли Рен околу сето и стекнав впечаток дека одговорните за ЈИЕ многу добро знаат оти не може сега да се направи едноставно пауза. Во овој регион мора да продолжи интензивниот политички ангажман во барањето решенија во кои ќе бидат секако вклучени и САД„ – оцени Волфганг Петрич.

Запрашан за европските перспективи на Косово и какви се конкретно шансите и тоа еден ден да стане дел од големото европско семејство, Петрич изјави:

„Верувам дека тоа ќе биде долгорочен процес, но на крајот на краиштата сите држави и сите народи на ЈИЕ ќе и припаѓаат на ЕУ. Секако дека е тешко да се дискутира околу членството на Турција. Но, што се однесува до Косово, Србија, Македонија, БиХ и Албанија не гледам никаков аргумент што би говорел против нивното членство.„

На прашањето дали гледа разлики меѓу етничките групи на Косово што се однесува до нивната подготвеност на компромиси, односно дали едните се повеќе националисти од другите, Петрич во интервјуто за албанската редакција на ДВ оцени:

„Етно-национализмот, ексклузивниот национализам, што ги исклучува сите други етнуми, е може да се каже рак рана во ЈИЕ односно во подрачјето на поранешна Југославија. Тој доби силен поттик преку националистичката политика на еден Милошевиќ или еден Туѓман. Од неа се развија страшните катастрофи како во Босна, така и на Косово. Сметам дека на ваквата националистичка политика, која впрочем доживеа апсолутен неуспех, треба да и се каже јасно не. Секако дека е важно повикувањето на националните и етнички корени, тоа е важен елемент на културниот идентите. Но, во Европа што се обединува национализморт не смее да доминира во политиката.„

Конечно, запрашан како ја оценува моменталната состојба на Косово и каде го гледа трајното решение, Петрич посочи:

„Решението може да изгледа само така што ќе бидат обезбедни големо малцински права, посебно за Србите, но и за другите малцинства, за Ромите, Ашкалите итн. Мнозинското албанско население мора исто така да ги покани протераните Срби да се вратат на Косово. Во модерна Европа не може да има етнички чиста држава. Со таквата политика неуспех доживеа Милошевиќ, а истата нема да се покаже како успешна ни за албанското раководство на Косово. Но, во многуте разговори со моите пријатели Албанци и Срби од Косово стекнав впечаток дека се случува темелна промена на начинот на размислување. Обете страни прифаќаат дека мора да се дојде до компромисно решение, што ќе води сметка за правата и безбедноста на сите граѓани на Косово„ – заклучи Волфганг Петрич.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми