1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Волфганг Шојбле- нов претседател на Бундестагот

СН/ агенции
24 октомври 2017

Досегашниот германски министер за финансии денеска е избран за претседател на германскиот парламент. Новиот состав на Бундестагот денеска ја одржува својата конституитивна седница.

Deutschland 1. Sitzung im neuen Bundestag
Фотографија: Reuters/F. Bensch

Вофганг Шојбле денеска со големо мнозинство е избран за претседател на 19. состав на германскиот Бундестаг. Политичарот од редовите на партијата на канцеларката Ангела Меркел- Христијанско-демократската унија (ЦДУ) освои 501 глас од вкупно 705 пратеници во Бундестагот кои гласаа за изборот на нов спикер. 173 парламентарци гласаа против Шојбле додека 30 се воздржаа од гласање.

Во говорот по изборот на новата функција Шојбле му се заблагодари на парламентот за довербата во него, како и на досегашните пратеници на Бундестагот за нивната работа. Тој посебна чест му оддаде на неговиот претходник на функцијата, Норберт Ламерт, кој истотака и припаѓа на ЦДУ.  „Во парламентот чука срцето на нашата демократија“, изјави меѓу другото Волфганг Шојбле.

Фотографија: Reuters/F. Bensch

На денешната конститутивна седница на Бундестагот, чиј нов состав беше избран на 24 септември покрај тоа се избираат и потпретседателите на парламентот. Секоја пратеничка група номинира по еден свој кандидат.

На почетокот на денешната седница, најстариот пратеник Херман Ото Золмс, од редовите на Либералната партија (ФДП) ги потсети пратениците на нивните права и обврски како народни избраници. „Обврска на парламентот е да ја зајакнува виталната демократија“ , истакна Золмс.

Фотографија: picture-alliance/dpa/R.Hirschberger

Со вкупно 709 пратеници овој состав на Бундестагот е најголем во неговата досегашна историја. Во новиот парламент има пратенички групи на вкупно шест партии како и двајца парламентарци, кои не и припаѓаат на ниту една пратеничка група. Десничарко-конзервативната Алијанса за Германија за првпат е застапена во парламентот, откако од изборите на 24 септември оствари трет најдобар резултат, зад ЦДУ и Социјалдемократите (СПД)

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми