Вооружен масакр во Вирџинија
1 јуни 2019
Долгогодишен градски службеник од американскиот град Вирџинија Бич пукал со пиштол во зградата на градската управа и уби 12 лица пред да биде смртно застрелан од полицијата, соопштија локалните власти.
Во вчерашната престрелка повредени се 4 лица, меѓу кои и еден полицаец на кого животот му го спаси панцерот.
Шефот на полицијата наведе дека осомничениот и полицијата „долго разменувале оган“, како и оти полицајците му пружиле на осомничениот прва помош откако го застрелале, но тој починал.
Според извор упатен во истрагата, масовниот убиец (40) бил вработен во градската комунална служба како инженер, а бил и на листата контакт лица за информации за локалните патни проекти во последните неколку години. Во меѓувреме беше објавено и името на напаѓачот: Двејн Кредок за кој во некои извештаи се наведува дека добил отказ, по што целосно загубил контрола и вооружан со пиштол калибар 45 почнал да убива луѓе.
Поради лабавите закони за носење оружје, во САД се повторуваат таканаречени „масовни пукотнци", односно вооружени напади со повеќе загинати и повредени лица. Според базата на податоци за масовни пукотници, која ги бележи медиумските извештаи за ваквите напади, 186 луѓе биле убиени во такви напади на национално ниво од почетокот на 2019 година, не сметајќи го последниот напад во државата Вирџинија.