Западот направи многу работи во погрешна насока во сириската војна која беснее седум години. Тешко е да се каже дали можеше да ја скрати. Но едно е сигурно: Западот мора да учи од грешкте, коментира Керстен Книп
Фотографија: picture alliance/AA/A. Sab
Реклама
Војната во Сирија, која влезе веќе во осмата година, е уште еден случај за историчарите чија специјалност е фиктивната историја: што ќе беше, ако? Ова прашање е особено важно во однос на западните земји: Каков ќе беше текот на војната ако тие реагираа поинаку? Прашањето воопшто не е безначајно: директно влијае врз судбината на многу луѓе кои ако Западот реагираше поинаку , можеби сѐ уште ќе беа живи.
Од сегашна гледна точка историијата на одлуките на Западот е пред сѐ историја на пропуштени шанси. Најпозната од нив е онаа од 2013 година: кога стана јасно дека режимот на Асад може да употреби боен гас против своето население, американскиот претседател Барак Обама предупредувачки говореше дека во таков случај ќе биде премината „црвената линија" и предупреди од последиците од тоа. Но кога отровниот гас беше навистина употребен Обама не стори ништо. Го игнорираше случајот и своите претходни предупредувања.
Ова се чини беше последната можност да му се стави јасно до знаење на режимот на Асад до каде му е границата. Во тоа време тој сѐ уште не беше под заштита на Иран и на Русија, во секој случај немаше поддршка во таква мерка каква што има сега. Барем уште постоеше некаква рамнотежа на силите, при што интервенција на САД и нејзините партнери ќе беше замислива опција. Обама ја пропушти оваа шанса.
Тој морал да има добри причини за тоа. Американската интервенција во Ирак се случи десет години претходно - и беше синоним за политичка, морална и пропагандистичка пропаст. Безумната инвазија која се базираше врз бесрамни лаги направи САД да бидат перцепирани како арогантна, неоимперијалистичка сила – впечаток кој уште не можат да го сменат.
Керстен Книп, автор на коментарот
Токму затоа една воена интревенција на Блискиот Исток, десет години подоцна – овојпат во Сирија – ќе беше ризична: во зависност од текот и исходот, угледот на САД можеше дополнително да биде руиниран.
И стратешкиот ризик беше исто толку голем: конечно не беше предвидлив исходот од една таква интервенција. Дали тоа ќе имаше влијание врз Асад? Дали Русија и Иран ќе ја поддржеа инвазијата? И можеби обама против својата земја ќе завртеше дел од исламскиот свет – шиитите или можеби сунитите? Дали една ваква интервенција ќе значеше нови џихадистички напади во САД или во Европа?
Цената на пасивноста
Јасно е: инвазијата можеше да има фатални последици. Дилемата гласи: тоа истото важи и за одлуката да не се интервенира. Актуелната ситуација е позната: Русија и Иран го преземаа кормилото во Сирија и се толку инволвирани, така што конфоронтацијата за Западот веќе претставува невозможна опција. Барањата од Вашингтон и европските земји за оставка на Асад се веќе безначајни и ирелевантни.
Што сака или не сака Западот веќе воопшто не игра никаква улога. Дури и гестовите на загриженост веќе никого не го импресионираат.
Дотолку повеќе: фактот што САД во годините пред почетокот на војната во Сирија поддржуваше стратегии за соборување на Асад, со кои многу веројатно земјата е втурната во хаос, ја прави моќна сила со дубиозни намери.
Ситуацијата не се подобри ни со тоа што американскиот претседател Барак Обама и неговите партнери наместо на интервенција полагаа на сочуствување. Поддршка за бунтовниците да, но не премногу, од страв да не бидат поддржаани погрешните (се мисли џихадистите): Оваа стратегија не ја подобри ситуацијата, напротив, ги поттикна безбројните опозиционери да влезат во војна која од денешен аспект уште тогаш беше загубена. И не само што загинаа. Туку и стотици илјади цивили беа жртви на безмилосно насилство, проследено со голема доза на цинизам која е невидена за 20 век.
Празни изјави? Никогаш повеќе!
Прашањето е што може да се научи од сето ова? Интервенциите од Западот беа водени дилетантски и крваво пропаднаа, и во Ирак и во Либија. Јасно е: Западот (во моментов) не е во состојба да спроведува долгорочни воени интервенции.
Но исто така не може да стои на страна: Превсртото кокој Русија и Иран ѝ го дадоа на војната во Сирија е рамен на цинизам. За во иднина – иако за Сирија веќе не важи, доцна е – препораката може да гласи: дадените изјави мора да бидат проследени со конкретна и добро осмислена акција. Или Западот од почеток да си стои на страна. Ништо не може да се постигне само со празни изјави. Тие само ги влошуваат работите.
Сириското културно богатство на удар на гранатите
Војната во Сирија е сѐ побрутална и одзема сѐ повеќе животи. На удар се и остатоците од древните сириски градови, некои стари и до 4.000 години. УНЕСКО состави извештај за оштетувањата.
Фотографија: Daniel Leal-Olivas/AFP/Getty Images
УНЕСКО алармира
Војната во Сирија одзема сѐ повеќе животи. Во судирите меѓутоа исчезнуваат и некои од најдрагоцените споменици на културата, не само за земјата, туки и за светот. Во изминатите четири милениуми на овие простори свои траги оставиле Вавилонците, Египќаните, Персијците, Римјаните, Арапите... УНЕСКО е загрижен за културното богатство на Сирија и подготви извештај за оштетувањата.
Фотографија: by-sa-Longbow4u
Загрозен е стариот дел од градот во Алепо
Уште во јуни 2013. година УНЕСКО на листата на загрозени стави шест споменици во Сирија. Меѓу нив е и стариот дел од градот во Алепо, уништен во борбите. Алепо се споменува уште во документите кои потекнуваат од 1900-та година пред нашата ера. Градот и тогаш бил еден од културните центри во регионот.
Фотографија: Getty Images
Пожар во историскиот пазар
УНЕСКО го прогласи Стариот град во Алепо за дел од светското културно наследство и поради познатиот пазар. Тој опфаќаше околу 350 хектари и во неговите бројни улички се наоѓаа бројни продавници. Историскиот центар на Алепо е заштитен со ѕид долг пет километри. Но, ни тој не ја спречи катастрофата при која во 2012. година гранатите го запалија пазарот.
Фотографија: AFP/Getty Images
Цитаделата во Алепо
Во текот на војната, спомениците на културата беа злоупотребувани во воени цели, како стратешки точки. Во нив се вбројува и Цитаделата во Алепо. Оваа тврдина се издигнува на ритчето покрај градот. Неа ја изградиле Селекуидите, династија која во 4. век пред нашата ера го наследила Александар Велики. На овој брег свои храмови изградиле Грците, Римјаните, Персијците, Византијците и Османлиите.
Стариот дел од градот во Дамаск бил населен уште пред 4.000 години и тој е исто така споменик на УНЕСКО. Пред војната, овој дел од градот со продавниците, рестораните, џамиите и црквите беше една од главните туристички атракции во Дамаск. Во јуни 2013. овде експлодираа бомби и така стариот дел од градот првпат стана мета на нападите.
Фотографија: REUTERS
Триумфалниот лак во Палмира
Палмира, градот кој никнал околу оаза во пустината, исто така е загрозен. Триумфалната капија се‘уште стои, иако некои археолошки наоѓалишта се веќе ограбени. Палмира, од архитектонски аспект, е заштитен знак на Сирија. Оваа историска улица ја краси величенствен лак, коринтски столбови и ѕидовите на храмот Баал, кои веќе имаат лузни од ударите на гранатите.
Фотографија: Louai Beshara/AFP/Getty Images
Тврдината Шевалие
И овој споменик се наоѓа сред воените судири - тврдината Шевалие, на работ на ритчестото подрачје под контрола на алевитите. Неа ја подигнале крстоносците во 1099. година при својот поход кон Ерусалим. Бунтовниците тврдат дека повеќепати била на удар на сириската авијација. Сириската армија тврди дека бунтовниците ја користат како свое упориште.
Фотографија: Fotolia/Facundo
Амфитеатарот во Босра
Освен во Алепо и Дамаск, на удар е и стариот дел од градот во Босра. Овој амфитеатар донеодамна се сметаше за еден од најдобро очуваните римски амфитеатри на светот. Арапите во 12. век го преуредиле во тврдина. Музичарите и оркестрите од цел свет го ценат поради извонредната акустика. Наводно и амфитеатарот е оштетен во борбите.
Фотографија: Fotolia/waj
„Мртвите градови“ исто така на „Црвената листа“
И таканаречените „мртви градови“ се ставени на „Црвената листа“ на загрозени споменици на УНЕСКО. Во овие населби во северниот дел од Сирија се наоѓаат бројни градби од византиско време. Античките градби Еради пред војната беа добро очувани. Од почетокот на судирите и тие се најдоа на удар на гранатите, а делумно се и ограбени.
Фотографија: Creative Commons/Bertramz
Ограбени музеи
Состојбата во сириските музеи е исто така драматична, многу се во подрачјата во кои се водат борби, на пример, музејот во Идилиб. Тука се наоѓаат и ткн. Ебла плочи од теракота, чија вредност е непроценлива. Во 2011. година некои од овие плочи од музеите од Дамаск и од Алепо се префрлени во трезорот на државната банка. Најголем дел од музеите е изложен на милост и немилост на разбојниците.