1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Заборавете на таблетите со јод!

Гудрун Хајзе
7 март 2022

Поради пожарите во украинската атомска електрана кај Запорожје, а и поради општиот страв од нуклеарен конфликт, многумина се сетија дека таблетите со јод. Но нивното предвремено земање може да биде бескорисно и опасно.

Ukraine Tschernobyl | Kontrollpunkt Dorf Tulgowitschi
Фотографија: Viktor Drachev/TASS/imago images

Со години таблетите со јод стоеја на полиците од аптеките, но сега одеднаш многумина се сетија дека тие им се даваат на војници и на цивили во случај на нуклеарен напад. Исто така во децениите на Студената војна научивме дека ни самиот удар на атомската бомба не е најстрашен – радијацијата е поопасна. Неа не ја гледаме, не ја чувствуваме но е кобна за нашето тело. Кога слушнавме дека во најголемата атомска централа во Европа, во Запорожје во Украина изби пожар, веднаш ни се вратија сликите од хаваријата во Чернобил кога зголемената радиоактивност можеше да се измери и на западот од Европа.

Прво, зошто таблети со јод? Во случај на нуклеарна експлозија, изотопите, јод 131 и јод 133 меѓу првите се шират во атмосферата. Јодот е важен елемент за нашата тироидна жлезда и одредена количина ни е нужно потребна – во основа, малку јод се додава во кујнската сол, а во морската го има. Нашето тело „голта“ јод, а ако е тоа радиоактивен изотоп, тогаш и нашата тироидна жлезда и хормоните кои ги лачи брзо ќе станат радиоактивно жариште во нашето тело.

Нашето тело не може само да произведува јод и мора да го примаме, на пример, преку храната.Фотографија: Fabian Sommer/dpa/picture alliance

Не само бескорисно, туку и опасно

Но, на нашата тироидна жлезда и треба само одредено количество јод – ако го има доволно, се што е вишок се исфрла преку бубрезите. Логиката на консумирање таблети со јод е дека ако тироидната жлезда се наполни со „чист“ јод, „лошиот“ јод нема да ни се таложи во телото. Но, следи едно големо „но“ – радиоактивниот јод претставува опасност на најмногу неколку стотини метри од местото на нуклеарната експлозија. Нема никаква поента да „се наполните“ со јод однапред бидејќи тој делува непосредно пред или дури и за време на радиоактивната контаминација.

Повеќе: Митови и факти за Чернобил

Згора на сето тоа, медицинските експерти предупредуваат дека многумина во Германија, а слично е и во други развиени земји, веќе ионака имаат  дисфункција на тироидната жлезда, при што примање на непотребна доза јод е исклучително опасно. Исто така, радиоактивниот јод не е ниту единствената, ниту најопасната последица од нуклеарна бомба – радионуклеидите стронциум 90 и цезиум 137 се уште поподмолни бидејќи нашето тело ги „препознава“ како калциум. Тоа значи дека ги депонира во коскената срцевина каде се формираат и нашите леукоцити, клучни за одбрана на телото од секаква инфекција. Но, ако таму се наоѓаат и стронциум и цезиум, тогаш сме соочени со огромни и неизлечиви проблеми.

Нова заштитна купола за Чернобил

01:07

This browser does not support the video element.

Во Чернобил е сѐ уште опасно

Проблемот со радиоактивност е и тоа што трае многу долго. Путин ги испрати своите војници и во Чернобил, иако таму и покрај тоа што беше изграден огромен саркофаг– со пари од Европската унија - кој го прекрива реакторот во кој се случи хаваријата, и денес, четириесет години подоцна, сè уште има опасно ниво на радиоактивност на десетици километри од нуклеарката.

Според германски стандарди, дозволената доза на зрачење е 2,1 милисиверти годишно, а се над тоа може да биде опасно или за лицето кое е непосредно изложено или долгорочно да резултира во деформација на ткиво, што во превод би било карцином или оштетување на генетскиот материјал, со што штетата се пренесува и на следните генерации. Дозата од 4000 милисиверти значи моментална смрт, а во зградите во Чернобил се уште има места на кои има зрачење од по неколку стотини милисиверти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми