Украинската влада ја обвини Русија дека сака да ги „збрише“ источните делови на земјата. Битката за пристанишниот град Мариупол продолжува и по истекот на рускиот ултиматум.
Реклама
Воените дејствија во и околу опколениот град Мариупол на југот на Украина продолжуваат и по истекот на рускиот ултиматум. Украинскиот Генералштаб во неделата вечерта извести за руски ракетирање и бомбардирање на градот. Притоа биле користени и суперсонични бомбардери. Нападите, според украински извори, биле особено концентрирани во близина на пристаништето и на челичарницата Азовстал.
Премиерот на Украина, Денис Шмихал за американската телевизија Еј-Би-Си изјави дека градот не паднал. Украинските војници, според Шмихал ќе се „борат до крај“ за Мариупол. Министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, пак за американската телевизија Си-Би-Ес изјави, дека украинските трупи се „во основа опколени“ од руски војници кои сакаат да го срамнат Мариупол со земја. Кулеба буквално изјави: „Градот повеќе не постои“.
Мариупол, градот кој не се предава
Во четвртата недела од руската агресија врз Украина, нападите врз цивилното население се засилуваат. Додека оние кои можат бегаат од Мариупол, Киев одбива предавање на опколениот град.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Егзодус од Мариупол
Изминатата недела, десетици илјади луѓе се обидуваат да избегаат од уништениот град Мариупол. Од почетокот на војната, стратешки важниот јужен пристаништен град е соочен со непрекинато бомбардирање и ракетни напади, голем дел врз цивилни цели. Според руски извори, околу 130.000 од 440.000 жители на градот и натаму се во него.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Уништен град
По четиринеделно непрекинато бомбардирање, во градот повеќе не може да се живее. Според градската администрација, 80% од становите се уништени. Многу фотографии од Мариупол прикажуваат уништени или изгорени станбени згради, како оваа на руската државна агенција Тасс.
Руските напади врз цивилни цели во Украина наведоа повеќе западни политичари да зборуваат за руски „воени злосторства“. Меѓу нив се германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Борел рече дека Русија ја уништува Украина без никаква почит за правилата на војување.
Фотографија: REUTERS
Русија тврди дека напаѓа само стратешки цели
Русија тврди дека напаѓа само стратешки и воени цели. Москва ја обвинува украинската единица „Азовски баталјон“ за ракетирањето на театарот во Мариупол. Стотици луѓе се спасија од урнатините, благодарение на бункер во подрумот на театарот, кој сега е целосно уништен.
Проруските сепаратисти, кои го контролираат регионот Доњецк во источна Украина, ги набљудуваат излезите од градот. Тие се отворени само за невооружени цивили кои сакаат да си заминат од градот.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
„Евакуирани“ на непријателска територија
Оваа фотографија, објавена од руската државна агенција Тасс, прикажува луѓе евакуирани од Мариупол во окупираниот Доњецк. Русија тврди дека сака да им обезбеди заштита на украинските бегалци. Градскиот совет на Мариупол, пак, ја обвинува Русија дека им дозволува на сепаратистите насила да ги одведуваат украинските бегалци во Русија.
Мариупол не е единствениот украински град погоден од руските напади. Во северна и источна Украина, ракети и гранати непрекинато паѓаат врз големи градови како Суми, Харков и Киев. Ова се остатоците од трговски центар во Киев откако беше погоден од руски проектил. Четири лица загинаа во нападот.
Фотографија: Daniel Ceng Shou-Yi/ZUMAPRESS/picture alliance
Ukraine rejects surrender of Mariupol
On Sunday, Russia had given Ukraine an ultimatum to surrender Mariupol by Monday afternoon. Ukraine rejected the demand. Instead, thousands of civilians again left the city, which the Ukrainian government says is under continuous fire. According to Russian separatist leader Denis Pushilin, the battle for Mariupol could last weeks longer.
Русија претходно им се закани на украинските војници во Мариупол со уништување. Според руските информации, се вели дека единиците се забарикадирале во челичарниците Азовстал. Украинците го игнорираа ултиматумот да го положат оружјето и да се предадат до недела напладне.
Според локалните власти, на завојуваната челичарницата има и бројни цивили. Луѓето таму побарале прибежиште од гранатирање за време на повеќенеделната опсада на градот од страна на руската војска, изјави шефот на полицијата на Мариупол, Михаил Вершинин за локалната телевизија.
Мариупол е под опсада од првите денови на руската агресија врз Украина. Градот на Азовското Море, кој некогаш имаше над 400.000 жители, сега е во голема мерка уништен. Според Светската програма за храна, повеќе од 100.000 цивили во градот се во опасност од глад.
Мариупол не се предава
02:27
Во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, украинскиот претседател Володимир Зеленски го обнови своето обвинување дека Русија врши „геноцид“ во Украина. Тој го повика францускиот претседател Емануел Макрон да стекне впечаток за ситуацијата на лице место. За разлика од американскиот претседател Џо Бајден, Макрон досега одбиваше да ги опише воените злосторства што наводно ги извршиле руските војници во Украина како „геноцид“.