Војна во Украина: Веројатно без велигденско примирје
СН/агенции
22 април 2022
Според информациите од Киев, Москва отфрла ваков хуманитарен гест за големиот православен христијански празник. Судбината на десетици илјади цивили во Мариупол и натаму неизвесна.
Реклама
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, тврди дека Русија го отфрлила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека сѐ уште не губи надеж за мир.
Зеленски во своето редовно видео обраќање истакна: „Но, сепак ќе задржиме надеж - надеж за мир, надеж дека животот ќе триумфира над смртта.
Меѓу другите, папата Франциско и поглаварот на Украинската православна црква, Свјатослав Шевчук повикаа на прекин на огнот за време на претсојниот викенд. Православните христијани годинава го слават Велигден на 24 април. Тие се најголемата религиозна група во Украина.
Зеленски не сака да оди на преговори во Москва
Претседаетлот на Украина ја отфрли претходната можност да отпатува во Москва на директни разговори со руските лидери за запирање на војната.
„Во името на својата земја, би бил подготвен да го посетам кое било место на оваа планета. Но, сигурно не сега и секако не Москва. Тоа едноставно не доаѓа во предвид“, изјави тој во интервју за руската Медиазона.
Зеленски додаде оти под различни околности и со поинакви владетели во Москва, сѐ би било можно.
„Судбината на цивилите во Мариупол е во рацете на Путин“
Рускиот претседател, Владимир Путин, може сам да одлучи за судбината на 100.000 цивили кои сѐ ште се заробени во Мариупол, утрината градоначалникот на овој град, Вадим Бојченко.
„Важно е да се разбере оти животите на оние кои се сѐ уште тука се во рацете на само еден човек - Владимир Путин. И смртта на луѓето која ќе се случи отсега ќе биде на неговите раце, исто така“, рече Бојченко.
Мариупол, градот кој не се предава
Во четвртата недела од руската агресија врз Украина, нападите врз цивилното население се засилуваат. Додека оние кои можат бегаат од Мариупол, Киев одбива предавање на опколениот град.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Егзодус од Мариупол
Изминатата недела, десетици илјади луѓе се обидуваат да избегаат од уништениот град Мариупол. Од почетокот на војната, стратешки важниот јужен пристаништен град е соочен со непрекинато бомбардирање и ракетни напади, голем дел врз цивилни цели. Според руски извори, околу 130.000 од 440.000 жители на градот и натаму се во него.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Уништен град
По четиринеделно непрекинато бомбардирање, во градот повеќе не може да се живее. Според градската администрација, 80% од становите се уништени. Многу фотографии од Мариупол прикажуваат уништени или изгорени станбени згради, како оваа на руската државна агенција Тасс.
Руските напади врз цивилни цели во Украина наведоа повеќе западни политичари да зборуваат за руски „воени злосторства“. Меѓу нив се германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Борел рече дека Русија ја уништува Украина без никаква почит за правилата на војување.
Фотографија: REUTERS
Русија тврди дека напаѓа само стратешки цели
Русија тврди дека напаѓа само стратешки и воени цели. Москва ја обвинува украинската единица „Азовски баталјон“ за ракетирањето на театарот во Мариупол. Стотици луѓе се спасија од урнатините, благодарение на бункер во подрумот на театарот, кој сега е целосно уништен.
Проруските сепаратисти, кои го контролираат регионот Доњецк во источна Украина, ги набљудуваат излезите од градот. Тие се отворени само за невооружени цивили кои сакаат да си заминат од градот.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
„Евакуирани“ на непријателска територија
Оваа фотографија, објавена од руската државна агенција Тасс, прикажува луѓе евакуирани од Мариупол во окупираниот Доњецк. Русија тврди дека сака да им обезбеди заштита на украинските бегалци. Градскиот совет на Мариупол, пак, ја обвинува Русија дека им дозволува на сепаратистите насила да ги одведуваат украинските бегалци во Русија.
Мариупол не е единствениот украински град погоден од руските напади. Во северна и источна Украина, ракети и гранати непрекинато паѓаат врз големи градови како Суми, Харков и Киев. Ова се остатоците од трговски центар во Киев откако беше погоден од руски проектил. Четири лица загинаа во нападот.
Фотографија: Daniel Ceng Shou-Yi/ZUMAPRESS/picture alliance
Ukraine rejects surrender of Mariupol
On Sunday, Russia had given Ukraine an ultimatum to surrender Mariupol by Monday afternoon. Ukraine rejected the demand. Instead, thousands of civilians again left the city, which the Ukrainian government says is under continuous fire. According to Russian separatist leader Denis Pushilin, the battle for Mariupol could last weeks longer.
Путин вчера изјави дека руските сили го „ослободиле“ Мариупол, најголемиот украински град кој е заземен од руските сили од почетокот на инвазијата врз Украина.
Бојченко смета оти немало план за ослободување туку за уништување, тврдејќи дека градот е 90 отсто уништен или оштетен.
Седум милијарди долари месечно
Украинскиот претседател пак, во меѓувреме изјави оти на неговата земја ѝ се потребни 7 милијарди долари месечно за да се надокнадат економските загуби поради ивазијата на Русија на неговата земја.
Приватен конвој за помош за Украина
02:00
Тој во видео обраќање на форумот на Светската банка додаде оти глобалната заедница треба веднаш да ја исклучи Русија од меѓународните финансиски институции и ги повика сите земји моментално да ги запрат односите со Москва.
Зеленски рече и дека руската блокада на пристаништата на Црното море го запрела украинскиот извоз.