Војна во Украина: Колку треба да биде загрижена Молдавија?
СН/агенции
23 април 2022
По објавата на воените цели на руската војска, украинскиот претседател Зеленски предупреди дека Русија по Украина сака да заземе и други земји. Реагираше и Молдавија со протест до рускиот амбасадор во земјата.
Реклама
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше изјавите на високиот руски воен командант, кој рече дека Москва сака да ја преземе контролата врз јужна Украина бидејќи тоа ќе овозможи пристап до сепаратистичкиот регион Транснистрија во Молдавија. Зеленски истакна дека забелешката покажува дека Русија сака инвазија на други земји и дека нападот врз Украина е само почеток.
„Па, ова само го потврдува она што многупати го кажав: руската инвазија на Украина беше замислена само како почеток, потоа тие сакаат да окупираат други земји“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање.
„Се разбира, ќе се браниме колку што е потребно за да ја разбиеме оваа амбиција на Руската Федерација. Но, сите народи кои, како нас, веруваат во победата на животот над смртта, мора да се борат со нас. Тие мора да ни помогнат, бидејќи ние се први на овој пат. А кој е следен? Ако некој кој може да стане следен сака да остане неутрален денес за да не загуби ништо, тоа е најризичниот облог. Затоа што ќе изгубите се“, рече Зеленски.
Претходно руските новински агенции Тасс и Интерфакс го цитираа Рустам Минекаев, заменик командант на централниот воен округ на Русија, кој рече дека Русија планира да ги стави Донбас и јужна Украина под целосна контрола за време на втората фаза од, како што ја нарекува, специјална воена операција. Со тоа, рече тој, Русија ќе го подобри пристапот до молдавскиот бунтовнички, проруски регион Транснистрија, кој граничи со Украина.
„Контролата врз југот на Украина е уште еден пат до Транснистрија, каде што исто така има докази дека населението што зборува руски јазик е угнетувано“, рече Минекаев.
Молдавското министерство за надворешни работи го свика рускиот амбасадор за да изрази „длабока загриженост“ поради изјавите на Минекаев дека населението во земјата што зборува руски е угнетувано.
„Овие изјави немаат основа. Молдавија е неутрална земја и овој принцип мора да го почитуваат сите меѓународни учесници, вклучително и Руската Федерација“, соопшти молдавското министерство на својата веб-страница.
Мариупол, градот кој не се предава
Во четвртата недела од руската агресија врз Украина, нападите врз цивилното население се засилуваат. Додека оние кои можат бегаат од Мариупол, Киев одбива предавање на опколениот град.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Егзодус од Мариупол
Изминатата недела, десетици илјади луѓе се обидуваат да избегаат од уништениот град Мариупол. Од почетокот на војната, стратешки важниот јужен пристаништен град е соочен со непрекинато бомбардирање и ракетни напади, голем дел врз цивилни цели. Според руски извори, околу 130.000 од 440.000 жители на градот и натаму се во него.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Уништен град
По четиринеделно непрекинато бомбардирање, во градот повеќе не може да се живее. Според градската администрација, 80% од становите се уништени. Многу фотографии од Мариупол прикажуваат уништени или изгорени станбени згради, како оваа на руската државна агенција Тасс.
Руските напади врз цивилни цели во Украина наведоа повеќе западни политичари да зборуваат за руски „воени злосторства“. Меѓу нив се германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Борел рече дека Русија ја уништува Украина без никаква почит за правилата на војување.
Фотографија: REUTERS
Русија тврди дека напаѓа само стратешки цели
Русија тврди дека напаѓа само стратешки и воени цели. Москва ја обвинува украинската единица „Азовски баталјон“ за ракетирањето на театарот во Мариупол. Стотици луѓе се спасија од урнатините, благодарение на бункер во подрумот на театарот, кој сега е целосно уништен.
Проруските сепаратисти, кои го контролираат регионот Доњецк во источна Украина, ги набљудуваат излезите од градот. Тие се отворени само за невооружени цивили кои сакаат да си заминат од градот.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
„Евакуирани“ на непријателска територија
Оваа фотографија, објавена од руската државна агенција Тасс, прикажува луѓе евакуирани од Мариупол во окупираниот Доњецк. Русија тврди дека сака да им обезбеди заштита на украинските бегалци. Градскиот совет на Мариупол, пак, ја обвинува Русија дека им дозволува на сепаратистите насила да ги одведуваат украинските бегалци во Русија.
Мариупол не е единствениот украински град погоден од руските напади. Во северна и источна Украина, ракети и гранати непрекинато паѓаат врз големи градови како Суми, Харков и Киев. Ова се остатоците од трговски центар во Киев откако беше погоден од руски проектил. Четири лица загинаа во нападот.
Фотографија: Daniel Ceng Shou-Yi/ZUMAPRESS/picture alliance
Ukraine rejects surrender of Mariupol
On Sunday, Russia had given Ukraine an ultimatum to surrender Mariupol by Monday afternoon. Ukraine rejected the demand. Instead, thousands of civilians again left the city, which the Ukrainian government says is under continuous fire. According to Russian separatist leader Denis Pushilin, the battle for Mariupol could last weeks longer.