1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Авганистан грабнати двајца Германци

19 јули 2007

Во Авганистан се грабнати двајца Германци. До денеска напладне, германските власти беа воздржани и зборуваа за исчезнати, меѓутоа во меѓувреме дојде потврда од Берлин: станува збор за грабнување.

Дали Талибанците стојат зад грабнувањето на двајцата Германци?Фотографија: AP

Авганистанските власти со часови порано известија за грабнувањето на двајцата Германци во провинцијата Вардак, пред денеска напладне веста да ја потврди и германското министерство за надворешни работи во Берлин. Портпаролот Мартин Јегер:

„Станува збор за двајца соработници на фирма со седиште во Кабул. Според расположливите информации, сметаме дека станува збор за грабнување„.

Кризниот штаб во министерството во Берлин и германската амбасада во Кабул прават напори колку што е можно побргу да ги ослободат двајцата Германци. Тие се грабнати во провинцијата Вардак, 100 километри југо-западно од Кабул, регион што не е во надлежност на германските војници во мисијата ИСАФ. За која фирма работеле во берлинското министерство не рекоа ништо. Кои се грабнувачите и што барат, ниту за тоа немаше информација од портпаролот Јегер:

„Од вчера имаме цела низа информации, што значи дека можеме да стекнеме претстава за ситуацијата на самото место. Но, имајте разбирање дека сега не можеме да ги споделиме тие информации со вас„.

Претставник на авганистанското министерство за внатрешни работи претходно соопшти дека биле грабнати двајца Германци кои работеле на една брана во централниот дел на Авганистан заедно со нивните домашни колеги, по што веднаш била започната потрага по нив. Во други извешати се тврдеше дека станува збор за еден Германец, кој бил во меѓународна посматрачка мисија заедно со преведувач и возач, во придружба на четворица агванистански полицајци. Според тие извештаи, полицајците биле ослободени.

Сомнежот засега е насочен кон Талибанците. Нивни претставник меѓутоа, негира дека станува збор за киднапирање од страна на борците во тоа подрачје. Во провинцијата Вардак контролата ја имаат домашните власти, но има и милитантни екстремисти и ако се замешани во случајот, веројатно ќе бараат ослободување на Талибанци што се во затвор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми