1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Авганистан се повредуваат човековите права

8 март 2004

Организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч им префрлува на американските трупи во Авганистан дека извршиле повреди врз затвореници и цивили. Во извештајот објавен денеска се вели дека има јасни укажувања дека американските војници малтретирале затвореници, и дека насилство е применувано и врз цивили врз основа на погрешни инфорации на тајните служби. Американските трупи во Авганистан ги отфрлаа

Американски војници во Авганистан
Американски војници во АвганистанФотографија: AP

т овие обвинувања. Известува Кристоф Хајнцле.

Хјуман Рајтс Воч ги критикува американските војници за нивните акциите при барањето на припадниците на Талибан и Ал Каеда во минатите две години. Притоа повеќепати биле убиени, повредени или заробени невини лица и цивили. Минатиот декември при акција на американските војници против наводните припадници на Талибан беа убени 15 деца. Во Авганистан расте незадоволството, граѓаните се повеќе протестираат, потврдува Симар Самар, претседателката на авганистанската комисија за човекови права:

“За жал не ни се познати деталите за сите случаи. Но добиваме многу поплаки, дека се применува насилство. Сеуште нема ред во земјата - тоа е проблемот. “ и додава дека верува, дека во некои случаи американската армија ги повредувала правата.

Коалицијата под американско водство во Авганистан некои работи ги признава како на пример дека тројца Авганистанци починале во затвор, но сепак ги отфрла прекорите од страна на Хјуман Рајтс Воч. Портпаролот на американската армија во Кабул Брајан Хилферти истакнува:

“Во извештајот на Хјуман Рајтс Воч ситуацијата е погрешно интерпретирана. Ова е борбена област. Соодветно на тоа ги применуваме правилата за вооружени конфликти.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми