1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Авганистан убиени четири НАТО-војници

ЕМФ/дв/макфакс/дпа8 јули 2014

Повеќе од 16 лица се убиени, вклучувајќи десет цивили и четири НАТО војници, во самоубиствен напад што денеска (8.07) го извеле талибанските екстремисти во источен Авганистан.

Фотографија: Brendan Smailowski/AFP/Getty Images

Четири чешки војници од НАТО загинаа, а еден е сериозно повреден во близина на базата Баграм во авганистанската провинција Парван, соопшти Генералштабот на Чешката армија. Нападот бил извршен од бомбаш самоубиец. Тој се разнесол недалеку од групата војници на НАТО кои биле во патрола.

Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците. Министерството за внатрешни работи во Кабул соопшти дека безбедносните сили 24 часа претходно почнале офанзива против талибанците во осум провинции на југот и истокот на земјата. Притоа, како што се вели, биле убиени 51 бунтовници, а повредени 38. Меѓу загинатите имало и лидери на талибанците во тие региони.

Истокот на Авганистан е еден од најопасните региони на земјата, каде силите на ИСАФ се во мисија со години. До крајот на годината НАТО има намера да ги повлече сите борбени трупи од Авганистан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми