1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Австрија постои интерес за ангажман во Македонија

7 ноември 2005

Премиерот Владо Бучковски по втор пат во рок од 34 денови е во Виена - на 4. октомври таму беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија.

Владо Бучковски
Владо БучковскиФотографија: dpa

Вниманието на австриските стопанственици и банкари – потенцијални инвеститори, веќе од порано е насочено кон Македонија. „Мислам дека веќе 80 автсриски фирми инвестираа во Македонија и сметам дека уште толку покажуваат интересирање за идни инвестирања“ – вели Јулиус Мајнл Петти, од Мајнл-банката од Виена.

Што е посебно привлечно во Македонија од австриски агол на гледање? Мајнл вели: „Во ова земја има единствени можности во областа на електростопанството, изградбата на автопатишта како дел од европските коридори, и концесионите проекти за управување со аеродромите, кои – можевме да зебележиме – се многу интересни за западните инвеститори“.

Австријците се директно вклучени во процесот на приватизација на Електростопанството на Македонија. Питер Гампел од УО на акционерското друштво Мајнл Капитал Едвајзорс: „Од 2002-ра година сме советници на Владата на Македонија, надлежни за приватизацијата на ЕСМ. Реструктуирањето на претпријатието во најголем дел е завршено со негова поделба на 3 сектори: производство, дистрибуција и мрежа. Сега постои пазарно регулирање на цената на струјата, еден независен регулатор, потоа правила на лиценцирање, модерен закон за енергетика...Наскоро ќе има модерна индустриска структура, соодветна на мострата на ЕУ и на барањата на договорите за формирање јужноевропски пазар на енергија“.

Во првата фаза од приватизацијата со тендер на стратегиски инвеститори ќе им бидат продадени 90 проценти од акциите на дистрибутивното друштво. Ќе биде понудена и термоелектраната Неготино. Во наредната фаза, во 2007-ма година, ќе биде приватизирано и производството на електрична струја. Гимпел нагласува: „Ние можеме да кажеме дека овде – и не само овде, Македонија е пионер меѓу државите од екс-Југославија со почетокот на приватизацијата на струјната мрежа на странски инвеститори. Во Хрватска, Србија, Босна, Косово приватизацијата на електростопанството ќе се случи дури по неколку години – во Македонија започнува сега и ние сметаме дека она што се нуди е многу интересно за стратегиските инвеститори од Западна Европа“.

Странските инвеститори долго врме ја одбегнуваа Македонија. Промените во земјата и очекувањата таа наскоро да добие статус на кандидат за членство во ЕУ – Комисијата на Унијата веќе задутре треба да ја соопшти својата оцена за кандидатурата на Македонија – придонесоа за менување на ставот, што го потврдуваат и зборовите на Јулиус Мајнл Петти: „Како партнери од самиот почеток на процесот на приватизација на македонското електростопанство можевме да видиме каков величествен напредок постигна оваа држава на патот кон Европа. Станува збор за правниот и за финансискиот систем, за стопанскиот пораст и порастот на потрошувачката, што се’ заедно оваа земја ја води кон Европа“.

Зоран Јордановски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми