1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Во институциите на САД забранет софтверот „Касперски“

ЕМФ / дв
14 септември 2017

Американската влада забрани употреба на програмите на руската фирма „Касперски“ во институциите и службите на државата поради сомневање за шпионажа.

Antiviren-Hersteller Kaspersky lab Logo
Фотографија: picture-alliance/dpa

Министерката за внатрешна безбедност Илејн Дјук соопшти дека одлуката за забрана е донесена поради сомневања за врски на вработени во „Касперски“ со руските тајни служби и други руски владини институции. Програмите на „Касперски“ може да ја загрозат „националната безбедност“ на САД, нагласи Дјук. Постои ризик руската влада да го искористи за свои цели евентуалниот овозможен пристап од страна на „Касперски“ до информации и информатичка технологија на американската влада.

Дјук додаде дека руските тајни служби имаат законски овластувања да бараат поддршка од „Касперски“. Сега американските власти имаат рок од 60 дена за да направат планови за запирање на употребата на програмите и рок од 90 дена за тоа да го спроведат. Како што се вели, на фирмата „Касперски“ ѝ е дадена можност да се изјасни околу одлуката на САД.

Инаку, американската влада го ограничи користењето на „Касперски“-софтвер уште во јули. Службата за снабдување ГСА тогаш ја отстрани оваа фирма од листата на понудувачи на производи за безбедност на интернет. „Касперски“ уште тогаш енергично ги отфрли обвинувањата за шпионажа. „Фирмата никогаш не помогнала и никогаш нема да ѝ помогне на која било влада во светот за сајбер-шпионажа“, беше соопштено.

Ојген Касперски ја основаше фирмата пред 20 годиниФотографија: picture alliance/AP Photo/P. Golovkin

„Касперски“ е основана во 1997 година од страна на Ојген Касперски. Денес клиенти на фирмата се околу 400 милиони физички лица и 270 илјади претпријатија ширум светот. 85% од бизнисите на фирмата се поврзани со странство.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми