Во БиХ: „едни работат, другите се чудат“
28 ноември 2012„Она што јас го работам, тоа е нешто нормално и така би требало сите да работат за да напредуваат. Туку, јас работам, а другите се чудат. Велат, ти нешто работиш. А што работите вие? Треба да се ризикува!“, вели за ДВ Младен Лазиќ, сопственик на Д.о.о „Мамекс“ од Голо Брдо крај Бијелјине.
Роден е во Високо, каде, како што вели, живеел на трети кат и никогаш не се занимавал со земјоделство. Војната го одведе во Европа, а потоа во Семберија, од каде што потекнува. Со сопругата Зорица формираше претпријатие, кое од 2007 година е еден од најголемите производители, откупувачи и извозници на зеленчук од БиХ во земјите на ЕУ. „Во време кога сите кукаат, јас неможам да се пожалам. Ние сме така организирани, а тоа го научив во странство и го пренесов знаењето во нашите краеви. Неможам да се изначудам некој да има 20 хектари земја и на крајот на годината да дојде и да каже, јас пропаднав и да бара помош од министерството за земјоделство?!“
До 2000 година имаа 1.000 m2 земјиште, денес се газди на пет хектари (50.000 m2), од кои половината се под пластеници. Со стално врботени петнаесет работници и уште толку во сезона, претпријатието произведува зеленчук десет месеци во годината. Планираат усовршување на производството под пластеници, изградба на фрижидер и проширување на деловниот простор. Целта е преработка на овошјето и зеленчукот како и извоз на готови производи.
Развивање чекор по чекор
Во БиХ во последно време расте стравот од смалување на изозот на земјоделските производи во Хрватска. А многу извозници на храна од БиХ се’ уште не се подготвени за прописите на ЕУ.
Ѓорѓе Славинјак, сопственик и директор на претпријатието „Спектар дринк д.о.о.“ не очекува големи проблеми. Тој започна во 1996 година со производство на безалкохолни пијалоци, а претпријатието денес вработува осумдесет работници. Своите производи ги извезува на три континенти.
„Развивајќи се чекор по чекор влеговме во браншата за преработка на овошје и зеленчук, така што сега сем најголем произведувач на мармалади и џемови на просторот на БиХ, а најверојатно и на просторот на поранешна Југославија. Годишно произведуваме околу 1.500 тони мармалад и џем, а од тоа 70 проценти се за извоз. Извезуваме на пазарите во ЕУ, Велика Британија, САД, Австралија и на просторот на екс Југославија. Значи не’ има секаде, на сите простори“, објаснува Славинјак.
Традиција и ЕУ стандарди
Прехранбената индустрија „Сава Семберија“ беше формирана со приватизација на претпријатието за преработка на овошје и зеленчук основано во 1947 година. Сопственикот Милорад Крстиќ искуство и капитал стекнал во Германија. Во текот на изминатите три години ги обезбеди сите потребни стандарди за производство на храна.
Директорката Јагода Крсмановиќ вели дека немаат бариери во извозот. Нивните производи имаат уредна документација и сите потребни анализи.
„Што се однесува до ЕУ, ние веќе извезуваме. Од самиот почеток започнавме со извоз за Германија. Оваа година потпишавме поголем договор и немаме никакви проблеми што се однесува до извозот. Ги имаме сите потребни стандарди ИСО стандардот, ХАЦЦП, Халал сертификат и во процедура е воведување на стандардот ИЦЦ за поедини купци во ЕУ“, вели директорката Крсмановиќ.
Таа истакнува дека претпријатието има сопствена лабораторија, современи машини и опрема, едуцирани работници и редовна проверка на остварените стандарди. Но, смета дека секогаш може подобро: „Имаме добри сировини на подрачјето на Семберија, на подрачјето на Босна и Херцеговина и можеме заедно доста да направиме. Се трудиме да работиме што е можно подобро, за да бидат задоволени нашите работници, купувачите и доставувачите.“