1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во борбите во Брегот на Слоновата Коска се вклучија и ОН

5 април 2011

Трупите на избраниот претседател на Брегот на Слоновата Коска, Алесане Утара ја зазеле резиденцијата на властодржецот Лорен Гбагбо. Во борбите околу Абиџан се вклучија и ОН.

Француски војници во АбиџанФотографија: picture alliance/dpa

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун нареди напади на мировниците на ОН врз позициите на властодржецот во Брегот на Слоновата Коска, Лорент Гбагбо, поради ескалацијата на насилството против цивилното население. „И‘ наредив на мисијата да ги преземе сите неопходни мерки, за да се спречат напади на тешко вооружените лица врз цвивилното населние“, соопшти Бан. Генералниот секретар на ОН во меѓувреме подвлече дека ОН не заземаат страна, туку акцијата исклучиво е насочена за заштита на цивилното население.

Учество и на француски единици

Портпаролот на мисијата на ОН во Брегот на Слоновата Коска Хамадон Туре информираше дека хиликоптери на ОН и на Франција во Абиџан отвориле оган врз претседателската палата и резиденцијата на Гбагбо. Со хиликоптери биле нападнати и две воени бази во економската метропола, каде со денови се водат борби. Владата во Париз извести дека Бан Ки Мун упатил итна молба до францускиот претседател Никола Саркози за поддршка, а тој дал дозвола за учество на француските единици во акцијата.Трупите на избрениот претседател Алесане Утара, според сопствени наводи, во меѓувреме ја зазеле резиденцијата на Гбагбо.

Борби во Брегот на Слоновата КоскаФотографија: picture alliance / landov

Крвави судири со стотици жртви

На претседателските избори минатиот ноември Лорен Гбагбо не ја доби потребната поддршка, меѓутоа се противи да му ја предаде власта на избраниот претседател Алесане Утара. Во крвавите судири меѓу приврзаниците и противниците на Гбагбо стотици луѓе го загубија животот, стотици илјади се во бегство.

САД и ЕУ во меѓувреме побараа Гбагбо веднаш да се откаже од функцијата. Гбагбо мора „да ја прифати волјата на народот и да замине од претседателската функција“, појасни американскиот претседател Барак Обама. Претседателот на Советот на Европската унија Херман ван Ромпој, исто така побара повлекување на Гбагбо, „за да завладее мирот“.

Автор: АТ/ЖА/дпа/афп

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми