1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Во Бугарија и Романија се уништуваат вакцини со поминат рок

ЖА
2 јули 2021

Кампањите за вакцинирање во Романија и Бугарија стагнираат зашто многу граѓани не сакаат да се имунизираат. Десетици илјади дози вакцини морале веќе да бидат уништени поради истечен рок на употреба.

Rumänien Bukarest Coronavirus Impfung
Фотографија: Daniel Mihailescu/AFP/Getty Images

Сѐ помалку луѓе во Бугарија и Романија сакаат да се вакцинираат, имунизацијата е во застој.

Според извештај на „Блумберг“, веќе биле уништени десетици илјади дози со поминат рок на трајност. Ова имплицира проблем, кој би имал пошироки последици за економското опоравување на Европа од рецесијата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Во изминатите месеци темпото на вакцинирање во овој регион драстично опаднало. Додека во Романија во април во просек дневно биле вакцинирани околу 100.000 луѓе, во јуни биле само 18.000. Слично е и во Бугарија, таму во април вакцина примале просечно 25.000 граѓани, додека во јуни – само 8.000.

Тоа владите во двете земји ги става под двоен притисок – од една страна мора да најдат начин за да ја зголемат спремноста за вакцинирање кај своите граѓани. Во Романија досега е вакцинирана само една четвртина од населението, додека во Бугарија е уште полошо.

Повеќе: 

Половина година корона-вакцини: европски биланс

Масовната имунизација ќе продолжи со донација вакцини од Бугарија и од Грција 

Се фрлаат ли вакцини во Германија?

Од друга страна двете земји во меѓувреме се соочени со временски притисок - да најдат граѓани кои сакаат да се вакцинираат пред на пристигнатите вакцини да им помине рокот за употреба. Во поглед на вакцините на Бионтек и АстраЗенека употребливоста изнесува до шест месеци.

Во Романија, јавуваат локалните медиуми, тоа било причина на крајот на јуни да мора да се уништат 35.000 дози вакцини АстраЗенека. Според „Блумберг“, во Бугарија во јули истекува датумот на употреба на 20.000 дози.

Тоа ги принудува властите на барање алтернативни решенија. Вишокот вакцини на пример довел до тоа Романија да продаде 1,1 милиони дози на Данска. Пред натпревар во Букурешт, биле вакцинирани членовите на аргентиснкиот рагби национален тим.

#dw_BalkanBooster: Да се вакцинирам или не, прашање е сега!

02:00

This browser does not support the video element.

Бугарската тиристичка бранша пак се надева со прекубројните дози да привлече туристи за вакцинирање во земјата. „Бидејќи Бугарија, а со тоа ние сите имаме платено за овие вакцини преку нашиот данок, предлагаме тие да се користат за поттик на вакцинален туризам“, ја цитира „Блумберг“ Полина Карастојанова од Туристичкиот сојуз.

Но, со тоа сепак нема да се реши проблемот за нискиот интерес за вакцинирање кај сопственото население. Според анкетите на јавното мислење, 60 % од Бугарите имаат одбивен став кон вакцинирање.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми