1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во време на корона - пивото ви стигнува пред врата!

Марина Штраус
25 април 2020

За да се спасат од пропаст, пиварниците во Брисел вршат директна испорака на пиво до потрошувачите. Додека купувачите се радуваат, психолозите предупредуваат од зголемено конзумирање на алкохол за време на карантин

Belgien Bier Coronakrise
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Tribouillard

Темнокафени шишиња од 0,33 литри се движат по производствената лента. Едно по едно, со специјална машина, се полнат со пиво. Потоа се затвораат со капаче и им се лепи шарена етикета на која пишува "En Stoemelings" - Ен Стемелингс. Ова е името на малата пиварницаво бриселската индустриска област.

Ко-основачот и шеф Самуел Лангај на безбедно растојание поминува покрај гајбите, палетите и куп картонски кутии. Неговиот спас. Во секоја од нив се пакуваат по шест реда темно пиво во шишиња од 0.33 литри со шарени етикети и практично се на пат кон задоволните потрошувачи, кои во време на ограничено движење во Белгија поради коронавирусотси ги претворија кујните или балконите во барови или ресторани за себе.

Кога белгиската влада во средина на март поради пандемијата со корона наметна повеќенеделен карантин, Самуел Лангај и неговиот мал тим беа во шок – како и многумина кои се директно економски погодени поради затворените продавници, барови и ресторани. „Не знаевме што да направиме“, вели Лангај во едно сончево априлско попладне, седнат на клупа во неговата мала пиварница.

90% од својот обрт Ен Стемелингс го прави преку продажбата во ресторани и барови. Пари кои сега одеднаш ги снема. За Лангај ова значеше отпуштање на сите негови соработници и прекин на производството на пиво на неодредено време.

 Испорака до дома како спас

Но веќе истиот ден, Лангај им пиша на сите свои пријатели и познаници, ги натовари гајбите со пиво во автомобилот и се обиде барем преостанатите произведени пива од пиварницата да ги достави лично до поединци. Успешна мисија. „Откако одеднаш мораше да се остане дома, едно од првите прашања кои се појавија – знаете сепак сме во Белгија –  беше од каде сега ќе купам пиво?“, раскажува тој. Лангај почнува да го продава своето пиво онлајн и да го доставува преку компанија за доставување со велосипед. Но, тој не е единствениот претприемач кој го прави ова. И други производители на пијалоци и храна применуваат слична стратегија во Белгија.

Самуел Лангај нашол начин како да стигне до потрошувачитеФотографија: DW/M. Strauß

Коцептот на En Stoemelivery – (алузија на англискиот збор "delivery", што значи испорака вметната во името на пиварницата) функционира. Испораката на пиво продолжува, никој не е отпуштен, производството си продолжува. Во меѓувреме прометот е повторно качен исто како пред карантинот, вели Самуел Лангај.

Лангај и неговиот тим успехот го должат на бумот со производство на пиво кој се случи пред неколку години во Белгија - земја позната по пивска култура и желбата за  консумирање пиво. Идејата зад сето ова: малите, локални пиварници, со креативност се  исправаат пред надмоќта на големата пивска индустрија.

Ладно пиво без грижа на совест

Сепак, од Лангај не може да најдете евтина понуда. 24 шишиња во Ен Стемелингс чинат 45 евра, дополнително се наплатуваат 10 евра за испорака до дома со велосипед. Клиентите на драго срце плаќаат толку, вели Лангај. „Бидејќи знаат дека нашиот тим на тој начин има работа, а исто и нашите доставувачи".

Ладно пиво без грижа на совест: некои плаќаат само за да има таква опција. Преку иницијативи како „Кафе солидарите„ Кафе кураж" уште сега може да се купат ваучери за пиво или друг пијалок по избор и потоа да се користат во омилениот бар штом се отворат кафулињата.

Зад „Кафе к“ стои ИнБев со седиште во белгиското место Левен. Најголемиот производител на пиво во светот е воздржан околу податоци за приходите во време на корона-кризни времиња. „Речиси секоја индустрија е погодена и пивото не е исклучок”, вели портпаролот во мејл.

Иако белгиските супермаркети според информации на весникот „Ле Соар" продаваат повеќе алкохол откако важи забраната за движење, приходите кои ги остварувале производителите кога работеа баровите, тешко е да се надоместат преку таквата продажба.

Некој пие повеќе, некој помалку

Некои луѓе токму сега пијат помалку, ни раскажува психологит Емилија Бигданович на телефон. „Причина за тоа е што има сѐ помалку настани”. Но, друга причина е што сега има и повеќе контрола. Имено, некои конзументи на алкохол кои инаку пијат тајно сега се под будното око на фамилиите кои цело време се дома. Други пак заради кризата со корона внимаваат повеќе на своето здравје и затоа се воздржани. Богданович вели дека Ле Пеликан, Центарот за советување на лица кои имаат проблем со алкохолот и каде што и таа самата работи, во моментов има повеќе работа. Но, тоа било поврзано и со актуелно помалата понуда. Нејзиното искуство покажува дека лица кои се многу изолирани или имаат проблеми со партнерот или семејството, во вакви времиња конзумираат повеќе алкохол. Самуел Лангај е свесен за негативните страни на неговиот производ. „Сите познаваме некој кој моментално многу пие”,  вели тој. „Некогаш на шега велиме дека произведуваме легална дрога, но секако не е така”. Многумина постојано се заблагодарувале дека благодарение на Ен Стемелингс и на вакви денови може да си пивнат по едно пивце и во домашни услови. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми