1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Германија започна предизборната кампања за европсите избори

10 мај 2004

Изминатиов викенд во Германија, водечките политичари на опозиционите ЦДУ - ЦСУ јасно се изјаснија против влегувањето на Турција во Европската Унија. Политичарите на владеачките партии СПД и Зелените сепак сметаат дека на Турција треба да и се даде шанса, имено како и на проширувањето на Унијата кон исток.

Јошка Фишер и Герхард Шредер
Јошка Фишер и Герхард ШредерФотографија: AP

Со јасни спортивставени ставови викендов во Германија политичките партии ја започнаа предизборнта кампања за европските избори кои ќе се оддржат на 13 јуни. Германскиот канцелар Герхард Шредер и министерот за надворешни работи на Германија Јошка Фишер сметат дека Европа треба да стане “Мировна сила”. Политичарите на ЦДУ и ЦСУ се на милсење дека германската влада ја ослабела позицијата на земјата во Европа. Премиерот на германскта покраина Баерн и шеф на ЦСУ Едмунд Штојбер на конгресот на партијата во Нирнберг во саботата повторно се изјасни и против членствотото на Турција во ЕУ:

“ Да се прифати земја со преку 70 милиони жители, која има поинакви корени, тоа е преголемо барање на Европската Унија.”

Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер на партискиот конгрес на Зелените во Берлин енергичо се заложи за отварање песрпектива за отпочнување преговори за влаз на Турција во Унијата и побара од сопартијците да се залагаат за шансите кои ќе се отворат со проширувањето на ЕУ кон исток.

“Треба да се погледне проширувањето кон југ на Европската Унија. По истиот модел проширувањето кон исток на Унијата ќе биде успех. Почитувани пријателки и пријатели, ова ќе биде успех и за Германија, за работните места, за примањата на луѓето. Ова мора да го истакнеме во преден план. ” рече Фишер

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми