1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Германија секој ден пристигнуваат 10.000 бегалци

агенции
7 март 2022

Досега во Германија се регистрирани 50.294 бегалци од Украина. Секој ден во Берлин пристигнуваат повеќе од 10.000 луѓе.Обединетото Кралство прима само ограничен број и според вообичаената процедура.

Polen | Ukrainische Flüchtlinge am Grenzübergang in Medyka
Фотографија: Markus Schreiber/AP/picture alliance

Досега во Германија се регистрирани 50.294 бегалци од Украина, соопшти Федералното Министерство за внатрешни работи. Портпаролот на министерството вели дека многумина се регистрирани на железничките станици, особено во Берлин. Повеќето луѓе патуваат со биометриски пасош и затоа можат 90 дена слободно да се движат во Германија. Не може да се предвиди колку луѓе ќе дојдат во Германија, соопшти Министерството.

И Берлин денеска очекува 10.000 украински бегалци, а десетици илјади луѓе се очекуваат и неделава да дојдат во главниот град. 

И Берлин денеска очекува 10.000 украински бегалци, а десетици илјади луѓе се очекуваат и неделава да дојдат во главниот град. Фотографија: Fabian Sommer/dpa/picture alliance

„Како и изминатите денови, денеска очекуваме околу 10.000 луѓе“, изјави градоначалничката на Берлин, Франциска Гифај за весникот „Тагесшпигел“. Берлин не може сам, неопходна е помош од сојузната влада. „Сега се работи за часови - за да можеме да продолжиме да им помагаме на луѓето онака како што треба“, рече политичарката од СПД.

Берлин во последните неколку дена прими десетици илјади бегалци. Само во саботата ги имаше повеќе од 11.000.

„Толку многу луѓе пристигнуваат овде во моментов што нема ни доволно автобуси и возачи на автобуси да ги дистрибуираат во другите покраини“, рече Гифај. Според неа, бегалците од Украина исто така ќе бидат сместени во хотели.Многуина од хотелиерите доброволно нудат сместување. „Сакаме тоа да го искористиме“, вели Гифај.

Федералната канцеларија за миграција и бегалци сака во понеделник да започне да ги префрла луѓето со автобуси во другите федерални покраини. Тие исто така треба да помогнат при регистрацијата на Украинците. 

Каде бегаат Украинците?


Велика Британија бара од украинските бегалци да аплицираат за виза

Британската влада е сè почесто критикувана поради третманот на воените бегалци од Украина. Според МВР во Лондон, до неделата се издадени само околу 50 визи за Украинците. Тоа е помалку од еден процент од сите досега поднесени апликации.

„Премногу е бавно. Премногу пречки за очајните семејства“, напиша пратеничката од Лабуристичката партија, Ивет Купер на Твитер.

Критики доаѓаат и од самата владејачка партија: „Тоа секако не е успех“, изјави за радио ЛБЦ Том Тугендет, претседател на Комитетот за надворешни работи во Долниот дом и член на ториевците.

Мора да се обезбеди гаранција дека Министерството за внатрешни работи ќе го исполни ветувањето дека ќе прими бегалци од Украина.

За разлика од земјите на ЕУ, Велика Британија не сака да прифаќа Украинци без ограничувања. Влезот во земјата е дозволен само за оние кои веќе имаат роднини во Велика Британија. Формалностите предизвикуваат потешкотии за многу бегалци.

Жерар ДарманинФотографија: Aventurier Patrick/ABACA/picture alliance

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин во неделата ги обвини Британците за „недостаток на хуманост“. Околу 150 Украинци кои сакаа преку ла Манш да стигнат до роднините во Велика Британија, британската страна ги замоли прво да аплицираат за виза во Париз или Брисел, рече Дарманин.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми