1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Германија се разгорува дебатата околу смислата на мисијата во Авганистан

21 мај 2007

Двајцата тешко повредени војници на Бундесверот во самоубиствениот атентат во Авганистан се надвор од животна опасност. Тие мораат да минат уште неколку операции за остранување на шрапнелите од главата, рацете и нозете, но нивната ситуација е стабилна – соопшто денеска портпарол на најголемата воена болница во Германија во градот Кобленц. Во политичката јавност пак продолжува се‘ поинтензивната дебат

Министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг
Министерот за одбрана Франц Јозеф ЈунгФотографија: AP

� околу смисолот на мисијата во Авганистан.

“Сега мора навистина да се случи поголема дискусија дали овој ангажман има смисла или мора да се смени целата стратегија, и нашата и на сојузниците“ - изјави претставникот на здружението на припадниците на Бундесверот, Винфрид Штолце.

Барањата за помалку воен, а повеќе цивилен ангажман на Германија во Авганистан стануваат од ден на ден се‘ посилни. Тие доаѓаат пред се‘ од редовите на опозиционите партии, онаа на Зелените и од Новата левица, но се јавуваат и одделни членови на помалиот коалиционен партнер во владата, социјалдемократска партија.

Министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг од владеачката христијанско демократска унија пак истакна дека германскиот концепт на меѓусебно поврзани цивилни елементи за обнова на Авганистан со воен дел на мисијата се покажал како успешен и него го преземаат се‘ повеќе други земји. Тој се заложи за продолжување на сегашната комбинирана мисија, укажувајќи на постигнатите успеси. Благодарение на германскиот ангажман шест милиони деца, 40 проценти од нив девојчиња, повторно можат да одат на училиште.

“Мораме да ги придобиеме срцата на луѓето – тоа е решавачко. На северот веќе спроведовме 650 проекти, од водоснабдување до изградба на патишта, болници, детски градинки. Тоа е вистинскиот пат и со таа стратегија и натаму ќе продолжиме” – нагласи Јунг.

Тој инсистира германските војници да продолжат и со извршување на задачата во рамките на заштитните трупи ИСАФ за давање воена подршка на авганистанската влада, а со тоа и на авганистанското население, на патот кон стабилност, обнова и мирен развој.

Министерот за надворешни работи, социјалдемократот Франк-Валтер Штајнмаер, предупреди да не се отвора дебата за прекинување на ангажманот. И повереникот на Бундестагот за прашањата на оружените сили Рајнхолд Робе, исто така од СПД, предупреди од популистички барања за повлекување, но укажа и на пораст на бројот психички оптоварувања на ангажираните војници.

Претседателот на здружението на припадниците на Бундесверот Бернард Герц смета дека без радикална промена на севкупната стратегија се заканува опасност од неуспех во Авганистан.

А Оскар Лафонтен од Новата левица борбените акции на меѓународните сили во Авганистан ги означи како терористички:

“Борбените трупи во Авганистан често пати убиваат цивили и ги кршат Женевските конвенции. Таму воопшто не можат да се разликуваат борци од селани. Сега и ние самите, со ангажирањето на авионите ’торнадо‘, сме вмешани во терористички акции. Теророт никогаш не можеме да го сузбиваме со терор. Значи, ова мораме да го запреме и тоа неодложно” – побара Лафонтен.

Наспроти тоа претставникот на Бундесверот во Авганистан, Гинтер Шелман вели:

“Ако не сакаме да доживееме неуспех, сигурно ќе мораме да останеме присутни. Инаку станува апсурдна сета досегашна работа, што беше навистина добра.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми