1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Грција врие

15 јуни 2011

Генерален штрајк во Грција - го свикаа синдикатите и граѓанските здруженија, а илјадниците штрајкувачи го креваат својот глас против мерките за штедење на владата. Има и судири меѓу демонстрантите и полицијата во Атина.

Фотографија: dapd

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу попладнево треба преку телевизијата да му се обрати на народот. Папандреу денеска за финансиската криза во земјата разговараше и со претседателот на Грција Каролос Папуљас, а денеска е и првата парламентарна седница околу мерките за штедење. Парламентот е веќе блокиран од илјадници демонстранти, кои извикуваат „крадци“ и „предавници“, и прашуваат каде се нивните пари. Агенциите јавувааат и за судири меѓу десни екстремисти и автономи, кои се судирле пред парламентот, употребувајќи стапови. Претходно, припадници на екстремната левица имаа судир и со полицијата, која мораше да употреби солзавец за да ги растера. Поради напрегнатата безбедносна состојба во земјата премиерот Папандреу разговарал и со шефот на тајните служби.

Фотографија: dapd

ЕК полага многу на реформите во Грција

Додека во Атина врие, од Брисел стигнуваат пораки дека програмата за помош за Грција не е несоцијална. Порптарол на еврокомесарот Оли Рен изјави дека Европската комисија полага многу врз реформите на економијата, кои досега не беа доволни, меѓу другото и поради недоволната конкурентност на Грција и корупцијата. Во оваа година Грција треба да заштеди 6,5 милијарди евра, што е предуслов ММФ и европските финансиски институции на Грција да и одобрат нов заем за закрепнување на земјата која се соочува со банкрот.

Автор: ЕМФ/СН/дпа/ ртр/дапд/ макфакс

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми