Во Давос даден импулс за мировниот процес на Б.Исток
26 јануари 2007Во одморалиштето на швајцарските Алпи беа издвоени моменти и за состојбата на Блискиот Исток .Палестинскиот претседател Махмуд Абас на тркалезната маса пак во Давос ,на која учествуваа и вицепремиерот на Израел , Шимон Перез и шефицата на дипломатијата на оваа земја Ципи Ливни , Абас изјави дека сега се работи за тоа да му се даде питток на мировниот процес . Со меѓународната мапа за мир имаме насока во која треба да се движиме – истакна Абас
Тој остави зад себе и знак на надеж: Блискиот Исток мора да биде место на коегзистенција , место на простување . Но тоа може да се оствари само врз основа на решението за две држави. Значи израелската држва покрај една палестинска – истакна израелската министерка Ципи Ливни :
Создавањето на палестинска држава е одговорот , националниот одговор за сите Палестинци , . Тоа е единственото праведно решение на палестинскиот бегалски проблем – изјави Ливни.
Меѓутоа , екстремистите во појасот на Газа мора да бидат разоружани . Палестинската држава не може да биде легло на терористи – додаде таа.
Ливни доби подршка и од нејзинито владин коелга Шимон Перез . Колку подобро им оди на Палестинците , толку подбро ќе им биде и на Израелците. Тој се осврна и на борбата замож во палестинските редови меѓу ривалските групи фатах и Хамас:
”Фатах ја репрезентира судбината , Хамас традицијата. Фатах иднината , Хамас минатото . Иднината не може да се гради само врз основа на минатото”- истакна Перез.
За денеска инаку е предвидена неофицијална средба меѓу палестинскиот претседател Абас и израелската министерка Ливни . И Германската канцеларка Ангела Меркел како претседавач со ЕУ во Давос му вети подршка на Махмуд Абас .
Најмалку ЕУ позасилено ќе се ангажира за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток . Такво ветување вчера по разговорите со палестинскиот претседател Махмуд Абас , даде германската канцеларка Ангела Меркел.
Меркел како претседавач со ЕУ даде и јавна подршка за намерата на Абас да формира влада на национално единство . Таа меѓутоа подвлече дека ракетните напади врз Израел од палестинските терории мора да престанат .
Абас го поздрави најавеното заживување на Квартетот за мир на Блискиот Исток , кој го сочинуваат САД, Русија , ЕУ и ОН.