Во економијата еден плус еден не мора да значи дека се два
10 октомври 2006
Порано се сметаше дека цена за намалување на невработеноста е пораст на стапката на инфлација. Фелпс утврди дека не постои само меѓузависност на инфлацијата и невработеноста, туку дека инфлацијата зависи и од очекувањата на претпријатијата и на вработените во однос на натамошниот развој кај платите и цените на мало. Политиката денес ги одредува предусловите за идната политика на стабилност.
Сознанијата на 73-годишниот професор на Колумбија-универзитетот во Њујорк можат да се применат и на други процеси, на пример во врска со меѓузависноста на штедењето, инвестирањето и благосостојбата за наредните генерации. Фелпс, чии истражувања потекнуваат од 60-тите и 70-тите години на минатиот век, беше изненаден од решението на Нобеловиот комитет.
Наградата за економија се доделува од 1969-та година и ја востанови Шведската Рајхсбанка во спомен на индустријалецот Алфред Нобел. Како и во другите пет области, и таа е дотирана со околу еден милион евра. Годинава за прв пат по 1999-та добитник е само еден научник-истражувач.