Во знакот на страдањата на Исус
10 април 2009Според христијанското учење, заедно со невиниот распнат Исус, страдал и господ. Затоа, Велики петок е истовремено и одговор на христијанството на се‘ што е лошо во светот. На тој начин, христијанството станува религија на крстот, а крстот станува симбол на сочувство и на избавување од смртта.
Распнувањето било најгрозоморниот начин на погубување во тогашно време. Теолозите предупредуваат дека не смеат да се потценуваат фактите за крстот и воскресението како корен на христијанската вера. Движењето што било иницирано од Исус од Назарет, се чини, со неговото погубување, згаснало. Но, дури по распнувањето и по воскресението на Христос на Велигден, што било потврдено и од страна на неговите приврзеници, христијанството вистински почнало.
Велики петок е сосем во знакот на тагата. За христијаните, меѓутоа, крстот е симбол и на спасение и избавување. Сите христијански религии денес се единствени во тоа дека преку животот и смртта на Исус, на свет дошол лично господ. На тој начин, крстот станува и симбол на наклонетоста на господ кон најсиромашните и најслабите. Велики петок во Германија се нарекува Карфрајтаг, кованица што потекнува од старогерманскиот збор „кара“ кој означува жалење и тага. Во најголемиот број цркви камбаните не бијат за време на богослужбите на Велики петок, а понекогаш и олтарот е покриен со црно. На тој ден не се прават крштевки и венчавања.
Автор: ЕМФ/ЗЈ/кна
Редактор: Жана Ацеска