1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Ирак убиен Косовецот кој сечеше глави во Сирија

ЖА/макфакс/миа19 август 2014

Курдската телевизија КННЦ објави дека во борбите со курдските одбранбени сили бил убиен косовскиот Албанец, Лавдрим Мухаџери, кој претходно им се приклучил на џихадистите на „Исламската држава“.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Мухаџери (24), кој од Качаник заминал во Сирија, на јавноста и‘ стана познат по своите брутални убиства. Кон крајот на јули, на Фејсбук, Мухаџери објави фотографии како држи 19-годишно сириско момче и како се подготвува да му ја отсече главата, а потоа и фотографија на која ја држи во рацете отсечената глава на момчето.

Мухаџери, кој се преставуваше како лидер на Албанците кои се борат во Сирија, на 2. август, во интервју за тиранскиот весник Дита рекол дека не сторил ништо повеќе од она што за време на војната на Косово не го правеле припадниците на УЧК.

Како што тогаш пренесоа приштинските медиуми, екстремистот се оправдал со зборовите дека таква казна предвидува Коранот.

Најпознатиот косовски припадник на злогласната екстремистичка организација „Исламска држава“ вниманите врз себе го привлече во јуни годинава кога објави фотографија како го пали својот косовски пасош.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми